logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Игра: Спречи го чевелот да не го ’опни’ Буш!

[1] Таратур направи игра специјално за копуците [2] од нашиот политички меѓународен живот, нешто што е вообичаено и мошне нормално во светот. Само еден ден по настанот кога еден ирачки новинар фрли чевли кон Буш, гејмерските креатори создадоа таква игра. Во играта, што легално ја презедовме и можете да ја играте овде [3], вие сте во улога на обезбедувањето кое го штити американскиот претседател од несаканите чевли кои летаат во негов правец. „Доколку внимателно ја гледате видео снимката можете да видите како агентите за обезбедување не се помрднуваат додека во правец на Буш не полета и вториот чевел“, вели Сади Чишти, директор на компанијата “Т-Ентерпрајз“ од Глазгов која ја направи споменатата игра. „Се надеваме дека оваа игра ќе биде корисна за агентите бидејќи ќе можат да ги тренираат рефлексите за да бидат подобри во обезбедувањето на светските лидери“, додаде тој. Им посакуваме многу среќа на нашите колеги од Т-Ентерпрајз во иднина, и истото им го порачуваме и на нашите новинари кои како телиња зјапаат во еврокопуците кога јавно и недвосмислено ни ја пцујат мајката. Нека повежбаат опнување [4]! Играјте Bush`s boot camp [5]!

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/6862