logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Безобзирна грчка пропаганда во Скопје!

Скопје деновиве е преплавено со таканаречен Проглас на Словенската филхеленска мрежа, пропаганден леток кој се обидува да ја оправда нацистичката политика на Грција врз Македонците, и притоа да не прикаже нас како виновници. Релативно непознатата „Словенска филхеленска мрежа“ растури голем број пропагандни летоци и го излепи Скопје со плакати во кои се обвинува македонското раководство за кражба на грчката историја и братимење со „полумилениумскиот отомански крвник – Турција“.
Древна Македонија според пропагаторите и манипулаторите, била дел од хеленскиот свет, односно со грчки карактер. За т.н. Словенска филхеленска мрежа не е важно тоа што најголемиот тогашен говорник Демостен експлицитно укажува на негрчкиот карактер на Македонија, нарекувајќи ги „варвари“, тоа што има илјадници докази за автентичниот македонски карактер на Македонија, која во голем дел од историјата била најголем воено-политички непријател на грчките градови држави, па дури и манипулираат тврдејќи дека најсеверен дел од античка Македонија била областа Пелагонија што е ноторна лага.
На крајот во летокот се наведува дека „актуелниот револт на официјална Грција е предизвикан од узурпацијата на грчката македонска историја и присвојување на грчко-македонски симболи“.
Kликнете на сликата за да се зголеми [0]
кликнете на сликата за да се зголеми
Сакаме да веруваме дека зад овој леток стои безобзирната нацистичка пропаганда на нашиот јужен сосед кој во повеќе наврати експлицитно презентира дека во Грција владее апартхејд, дека освен тоа што тамошните Македонци живеат во услови во какви што живееле Евреите во Нацистичка Германија, без можност за никаков развиток на сопствениот национален карактер, туку напротив угентувани, насилно асимилирани и тн, покрај тоа и се изживуваат со сите граѓани на денешна Македонија, присилувајќи ги на најдолни работи и газејќи им го националното достоинство. Тешко дека ваков леток ќе направи некој со здрав разум. Глупоста е неуништлива, ама таа е на нашите столбови.

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/6858