logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Мерил Стрип грда за Кинг Конг

Иако денес нејзиното име е синоним за врвна глума, на една од првите аудиции продуцентот ја откачил тогаш непознатата Мерил Стрип, бидејќи му била грда. Ја нарекол ’свиња’! Мерил Стрип очигледно цел живот ќе го памти моментот кога во далечната 1976 година ја откачил продуцентот на римејкот на Кинг Конг, Италијанецот Дино Де Лаурентис. Оскаровката дошла на закажаната аудиција, но продуцентот не бил импресиониран од нејзините физички атрибути што грубо го прокоментирал на италијански, несвесен дека актерката течно го зборува тој јазик.
„На син му, кој го договори состанокот, му рече: ’Зошто ми ја донесе оваа свиња? Оваа жена е многу грда’. Јас го погледнав и му одговорив на италијански: ’Многу ми е жал што ве разочарав’. Ме погледна како некој да го застрела“, раскажа славната актерка. „Навикнал да ги третира жените како спонзоруши и веројатно ни во сон не ни помислувал дека една плавуша би можела да зборува италијански“. Де Лаурентис, кој подоцна и ја даде улогата на Џесика Ланг, ја демантираше приказната на актерката објаснувајќи дека со неа се сретнал на друг филмски проект, но дека средбата ни одблиску не наликувала на нејзината приказна.

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/6845