logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Видео: За малку

Ирачкиот новинар експлицитно му укажа на американскиот претседател во заминување што мисли за него. Прво му се развика нарекувајќи го ’Куче!’, а на крајот истрела две чевли кон него. Откако заврши стрелбата, Буш, смирен и насмеан, се пошегува... Среде прес конференција во Бaгдад еден огорчен ирачки новинар скокна од местото, му се развика на Буш кој ненајавено дојде во Ирак, нарекувајќи го ’куче’, а потоа го гаѓаше со неговите чевли.
Викна дека првата чевла е бакнеж за збогум од ирачкиот народ, а втората за сите вдовици и сирачиња од војната.
Обезбедувањето и американските тајни агенти веднаш реагираа, а Буш се обиде да ја смири ситуацијата и се пошегува. „Не грижете се. Па што ако човекот ме гаѓаше со чевли. Ако ве интересираат факти, беа број 41”, рече Буш, додека ирачкиот премиер Малики изгледаше многу напнато, а останатите новинари му се извинија за однесувањето на нивниот колега. Погледнете:

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/6835