
Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го усвои предлог законот со кој се одобрува заем од 14 милијарди долари за американската автомобилска индустрија, но останува уште Сенатот да го одобри законот, јавуваат светските агенции.
Демократите и Белата куќа се надеваат дека законот би можел да стапи на сила до крајот на неделава, но стравуваат од силното противење на републиканските сенатори, јавува Нетпрес.
Членовите на Претставничкиот дом, гласајќи со 237 гласови “за“ и 170 гласови “против“, го одобриле предлогот со кој би се деблокирале средства во корист на Џенерал Моторс и Крајслер кои најавиле дека може да банкротираат ако не добијат заем кој им е потребен поради силниот пад на продажбата на автомобилите за време на економската криза.
Производителите на автомобили и политичарите се согласиле околу донесувањето на законот, аргументирајќи дека тоа е потребно за да се зачуваат милион работни места, како и потребата да се спречи можноста американската економија да падне во уште подлабока рецесија.
11.12.2008

































