Најнова Фотка
Традиционален штитник
Неверојатна и единствена можност
Анкета
Airlija
topki+

Злато вредно 640 квадрилиони долари


Океаните се уште се огромни неистражени подрачја, преполни со тајни и мистерии, а истовремено влеваат и огромна стравопочит. Сепак, луѓето не успеале да допрат до нивните најголеми длабочини, иако располагаат со современа технологија. Прочитајте што кријат морските длабочини!

Ретко на кој од вас на часот по географија може да му избега толку видливиот факт дека океаните и морињата покриваат речиси три четвртини од површината на Земјата. А, што се се крие во нивните сини длабочини? На тоа прашање ни научниците со сигурност не можат да одговорат.

Но затоа се знае дека океаните се дом на многу природни екстреми.

Најголемо суштество
Синиот кит е најголемото суштество што постои на нашата планета, а многу веројатно и најголемото суштество што кога и да е живеело на планетата. Може да порасне и до 30м (најголемиот со научна метода измерен син кит бил долг 33,58м), а тежината може да му биде 150 тони.


За да можете воопшто да добите приближна слика за тоа колку тој всушност е голем, доволно е да се каже дека срцето му е големо како еден ’фолксваген’(буба), а неговото импресивно тело е поголемо и потешко од измерената големина и тежина на кој и да бил познат вид динасауруси.

Интересен е податокот дека китовите што живеаат на јужната полутопка, по правило се поголеми од тие што живеат на северната полутопка, а ’јужнаците’ никогаш не го минуваат екваторот, исто како и нивните северни браќа - сите се држат до својот дел на Земјината топка.


Најголемата жива структура
Има и поголемо нешто од огромниот син кит! Големиот корален гребен (Great Barrier Reef), големата корална структура што се наоѓа во близина на североисточниот брег на Австралија и се протега на отприлика 2.300 километри.

Големиот корален гребен го сочинуваат над 400 вида корали,а во неговата непосредна близина живеат над 2000 вида риби, меѓу нив и некои навистина многу ретки видови. Тоа е најдолгиот и најмасивниот жив организам на целата планета. Во почетокот на 80-тите години од минатиот век УНЕСКО го стави овој гребен во листата на светското наследство. Денес тоа подрачје е голема туристичка атракција со луксузни одморалишта, што на Австралија и носи огромен приход.


Најголема длабочина
Најдлабоката точка на Земјината кора се наоѓа во Маријанската бразда југозападно од Гуам, во Пацифичкиот океан. Се претпоставува дека оваа точка наречена Длабочина Челинџер, е длабока над 11 километри. Тоа е толку длабока што во неа може да го собере целиот масив Монт Еверест по височина, највисоката точка на Земјата, и се уште до морската површина да останат околу илјада и осумстотини километри.

Најголема миграција
Интересно е што сините китови живеат поблиску до бреговите од сите други видови китови. Летото го минуваат во поларните води, а пред зима се селат на југ. Сините китови мигрираат секоја година и на својот пат минуваат над 16.000 километри, а тие што живеат во Беринговото море заминуват до лагуната пред брегот на северно Мексико во Калифорнискиот залив.

Друга популација заминува кон бреговите на Кореја и Јапонија. Популацијата на атланските сиви китови, за жал, изумре. Некогаш живееле меѓу Спитсберген, Гренланд и Канада, а се претпоставува дека зиме се спуштаат до бреговите на јужните држави на САД, Португалија и Северна Африка.


Најстрашната насмевка
Морските кучиња имаат најсигурно оружје, 300 остри заби, кои само чекаат да дојдат на ред. Некои ајкули (згодно е да ги споменуваме сега кога сме далеку од летната сезона) своите застрашувачки заби во текот на животниот век често ги губат, но не за долго затоа што секогаш им растат повторно, па се претпоставува дека во текот на животот успеваат да надоместат дури и до 30.000 заби. Некои редици од тие надоместени заби постојано им растат на вилицата. Не би било лошо такво нешто да му се случи и на човечкиот род единствено ако поради тоа не се побунат стоматолозите.

Најголемиот планински синџир
Планинските синџири што се наоѓаат на морското дно околу целата наша планета изгледаат отприлика како шевовите на фудбалската топка и заедно сочинуваат непрекинат синџир подморски планини долг над 65.000 километри.


Најголемото богатство
Огромно жолто богатство лежи недопрено во морските длабочини. Се претпоставува дека океаните во своите длабочини кријат над 10 милијарди тони злато. Е сега малку математика: замислете дека 28 грама злато чинат 200 долари што е повеќе од поволно, а тоа би значело дека океанското злато вреди отприлика 640 квадрилиони долари.

Но, бидејќи никој досега не смислил како да се собере златото, сега засега најважен и најпрофитабилен економски потфат со океаните денес сепак се: риболовот, експлотацијата на солта и нафтата од подморските наоѓалишта.



Приредил: Орце Давчев


11.12.2008




Гледајте фудбал
Спорт
Овен потпиша договор со Ѓаволите
Овен потпиша договор со Ѓаволите
slikaИако се шпекулираше дека Овен ќе заврши во некој послаб тим, откако му заврши договорот со Њукасал, тој сепак заврши во англискиот шампион.
Атлетска патека во Охрид
Атлетска патека во Охрид
slikaДенес, во просториите на Агенцијата за млади и спорт директорот на агенцијата Драган Ѓурчевски, претседателот на МОК Васил Тупурковски и претседателот на Атлетската федерација на Македонија Цветко Грозданов потпишаа меморандум за соработка во врска со реализацијата на проектот изградба на атлетска патека во Охрид.
Барселона е тим, а Реал се уште не!
Барселона е тим, а Реал се уште не!
slikaХуанде Рамос, досегашниот менаџер на Реал е уверен дека и покрај огромните засилувања на ’кралскиот клуб’, Барселона се уште е подобар тим.
Автогол на сезоната
Автогол на сезоната
slikaПлејмејкерот на норвешки Мосс здодевниот дуел со Хам-Кам го претвори во средба која ќе се памти по неговиот прекрасен автогол. Несреќниот Овребо стана херој во Скандинавија.
Официјално: Бензема се договори со Реал Мадрид
Официјално: Бензема се договори со Реал Мадрид
slikaОткако Реал Мадрид и Лион се договорија околу центата на трансферот на 21-годишниот напаѓач Бензема, сега се договорени и условите под кои Французинот би дошол на Сантјаго Бернабе.
Формула 1 во Бугарија
Формула 1 во Бугарија
slikaБугарија може да биде домаќин во Формула 1, доколку за тоа се договорат челниците на ФИА со потенцијалните бугарски организатори на состанокот кој ќе се одржи за време на трката во Нирнбуринг од 10 до 12 јули.
Топ 10 голови од Купот на конфедерации
Топ 10 голови од Купот на конфедерации
slikaБразилците имаат само два голови во овој избор, а Шпанците дури четири. Со своите мајстории Виља и Гуиза го освоија третото, односно второто место. Најубавиот гол е од Роси!
Desno


Резултати сега!