Откако шпанските медиуми објавија дека тренерот на Реал Мадрид Бернд Шустер ќе биде заменет на клупата на кралевите од поранешниот тренер на Севиља и Тотенхем, Хуанде Рамос, кралскиот клуб на својата официјална веб страна ја потврди веста.
Изутринава, медиумите блиски до Реал Мадрид, дневникот
Марка и радио станицата
Кадена Сер објавија дека спортскиот директор
Предраг Мијатовиќ му предложил на претседателот
Рамон Калдерон, поранешниот тренер на Тотенхем
Хуанде Рамос да го преземе кормилото на клубот.
Попладнево и кралскиот клуб на својата официјална веб страна ја потврди веста.
„Хуанде Рамос ќе биде тренер на Реал Мадрид во следните шест месеци“, изјави портпаролот на Бордот на директори,
Мигуел Ангел Аројо на денешната пресконференција.

„Сакам да му заблагодарам на клубот што има доверба во мене. Многу сум возбуден што ќе го водам Реал Мадрид. Ова е исполнување на соништата и ќе ги исполнам очекувањата и ќе го вратам клубот на победничките патеки“, изјави Рамос.
Шпекулациите за судбината на
Шустер траеја веќе две недели, а капак на се` беше последната изјава на тренерот на Кралевите кој по поразот од Севиља изјави дека Реал нема шанси против Барселона, токму пред најголемото дерби на светот кое се игра в сабота на Ноу Камп.
Хуанде Рамос се прослави со Севиља каде имаше брилијантни успеси, но потоа неговата авантура во Тотенхем неславно заврши откако имаше катастрофални резултати со премиерлигашот.