Официјално: Хуанде Рамос наместо Шустер!

Откако шпанските медиуми објавија дека тренерот на Реал Мадрид Бернд Шустер ќе биде заменет на клупата на кралевите од поранешниот тренер на Севиља и Тотенхем, Хуанде Рамос, кралскиот клуб на својата официјална веб страна ја потврди веста.

Изутринава, медиумите блиски до Реал Мадрид, дневникот Марка и радио станицата Кадена Сер објавија дека спортскиот директор Предраг Мијатовиќ му предложил на претседателот Рамон Калдерон, поранешниот тренер на Тотенхем Хуанде Рамос да го преземе кормилото на клубот.

Попладнево и кралскиот клуб на својата официјална веб страна ја потврди веста.

„Хуанде Рамос ќе биде тренер на Реал Мадрид во следните шест месеци“, изјави портпаролот на Бордот на директори, Мигуел Ангел Аројо на денешната пресконференција.


„Сакам да му заблагодарам на клубот што има доверба во мене. Многу сум возбуден што ќе го водам Реал Мадрид. Ова е исполнување на соништата и ќе ги исполнам очекувањата и ќе го вратам клубот на победничките патеки“, изјави Рамос.

Шпекулациите за судбината на Шустер траеја веќе две недели, а капак на се` беше последната изјава на тренерот на Кралевите кој по поразот од Севиља изјави дека Реал нема шанси против Барселона, токму пред најголемото дерби на светот кое се игра в сабота на Ноу Камп.

Хуанде Рамос се прослави со Севиља каде имаше брилијантни успеси, но потоа неговата авантура во Тотенхем неславно заврши откако имаше катастрофални резултати со премиерлигашот.

9.12.2008



Најнова Фотка
Автомобилска еволуција
Анкета
topki+
Да му помогнеме на малиот Јане
Да му помогнеме на малиот Јане
Временска Прогноза
Скопје сега

Температура: 17°C
Времето во моментов
Најнови содржини
13:29 Друже Тито колку е саатот? - 7600 евра! Во земјата на чудата
00:48 Wolfsburg 2 - 1 Rubin Kazan Видео фудбал
00:19 Anderlecht 4 - 3 Hamburger SV Видео фудбал
00:15 Werder Bremen 4 - 4 Valencia Видео фудбал
00:11 Sporting Lisbon 2 - 2 Atletico Madrid Видео фудбал
00:02 Liverpool 3 - 0 Lille Видео фудбал
23:26 Standard Liege 1 - 0 Panathinaikos Видео фудбал
23:25 Marseille 1 - 2 Benfica Видео фудбал
23:22 Fulham 4 - 1 Juventus Видео фудбал
16:23 Дали мајка ви е на Фејсбук? Во земјата на чудата
Спорт
Голеада во Европа
Голеада во Европа
slika34 гола на 8 меча во реваншот од осминафиналето на Лига Европа. Валенсија се пласираше против Вердер во меч со 8 гола, а Јувентус срамно ја заврши евро одисејата против Фулам.
Демонстрација на моќ на Каталонците!
Демонстрација на моќ на Каталонците!
slikaЕвропскиот шампион набрзина ги реши сите дилеми и покажа дека ќе биде најнепосакуваниот противник во четвртфиналето. Повторно блескаше Меси кој постигна два прекрасни гола. Во другиот меч, Бордо повторно го совлада Олимпијакос.
Демикелис: Балак не ми се ни јави
Демикелис: Балак не ми се ни јави
slikaДефанзивецот на Баерн Минхен изјави дека е навистина разочаран од тоа што неговиот поранешен согирач го повредил и не се извинил за тоа.
Полудениот Тери прегази навивач
Полудениот Тери прегази навивач
slikaКапитенот на Челзи не беше баш најрасположен по елиминацијата од ЛШ од Интер. Излегувајќи од Стемфорд Бриџ ги изгуби нервите и прегази навивач кој се обиде да го фотографира.
Мурињо го елиминираше Челзи, голманот Палоп – Севиља!
Мурињо го елиминираше Челзи, голманот Палоп – Севиља!
slikaЖозе Мурињо пред мечот рече дека никогаш не губи на Стемфорд Бриџ, а тоа и го докажа на реваншот во кој Самуел Ето го ликвидираше Челзи од ЛШ. Во другиот меч, ЦСКА сензационално славеше во Севиља.
Резултати сега!
Фото
Кој рече дека кај нас имало многу снег? Фото: Голотија и живи бои на тату шоу Знаменосец Реконструкција на детски цртежи
Видео
Наезда на бикини убавици Најлошиот пад на сите времиња Супер жена со невозможно силни мускули Би бил главен фаца на Дивиот запад
(©) 2006-2010 Taratur.com