Најнова Фотка
Традиционален штитник
Неверојатна и единствена можност
Анкета
Airlija
topki+

Блогерите не шират национал шовинизам!


Здружението на блогери на Македонија реагираше на зачестените написи во медиумите во кои се генерализираат македонските блогови и форуми како дувло на национал-шовинизам.

Изминатиов период голем број од медиумите изнесуваат информации во кој ги посочуваат блоговите и интернет форумите како ’легла на растечкиот национализам’ и ’шовинизам’.

Здружението на блогери на Македонија сака да ја информира македонската јавност дека во голем дел од овие натписи и репортажи се презентира една крајно поедноставена и неточна слика за блоговите и разните интернет форуми.

Самиот факт дека во Република Македонија над 95 проценти од корисниците на овие електронски медиуми говорат за теми кои и воопшто не се поврзани со политички и општествени теми, говори доволно!

Самата поента на блоговите и електронските форуми е да се стимулира дебатирањето за сите теми. Сите корисници на електронските форуми и блоговите се индивидуални личности и истите одговараат за своите постапки и искажани ставови, се вели во соопштението на ЗБМ.

Од Здружението сакаат да ја инфорираат јавноста дека слободата на изразување на сопственото мислење е едно од фундаменталните права на луѓето, па оттука ги повикуваат сите лица да продолжат со нивното слободно изразување на ставовите на нивните блогови и по интернет форумите.

Здружението на блогери на Македонија апелира до јавноста да не ги пресудува сите корисници на блогови и интернет форуми базирани на исказите и делата на мал број на индивидуални искази по однос на одредени теми.

Поради ова, се апелира до пишаните и електронските медиуми во нивните стории и прилози, да се воздржат од давање на глобални оцени поради делата на еден мал број на индивидуи.

Веб порталот Таратур изразува поддршка до Здружението на блогери на Македонија и ги осудува сите обиди на дел од медиумите да се замолчи критичната македонска мисла и да се генерализира Македонецот како национал-шовинист.


3.12.2008




Гледајте фудбал
Спорт
Овен потпиша договор со Ѓаволите
Овен потпиша договор со Ѓаволите
slikaИако се шпекулираше дека Овен ќе заврши во некој послаб тим, откако му заврши договорот со Њукасал, тој сепак заврши во англискиот шампион.
Атлетска патека во Охрид
Атлетска патека во Охрид
slikaДенес, во просториите на Агенцијата за млади и спорт директорот на агенцијата Драган Ѓурчевски, претседателот на МОК Васил Тупурковски и претседателот на Атлетската федерација на Македонија Цветко Грозданов потпишаа меморандум за соработка во врска со реализацијата на проектот изградба на атлетска патека во Охрид.
Барселона е тим, а Реал се уште не!
Барселона е тим, а Реал се уште не!
slikaХуанде Рамос, досегашниот менаџер на Реал е уверен дека и покрај огромните засилувања на ’кралскиот клуб’, Барселона се уште е подобар тим.
Автогол на сезоната
Автогол на сезоната
slikaПлејмејкерот на норвешки Мосс здодевниот дуел со Хам-Кам го претвори во средба која ќе се памти по неговиот прекрасен автогол. Несреќниот Овребо стана херој во Скандинавија.
Официјално: Бензема се договори со Реал Мадрид
Официјално: Бензема се договори со Реал Мадрид
slikaОткако Реал Мадрид и Лион се договорија околу центата на трансферот на 21-годишниот напаѓач Бензема, сега се договорени и условите под кои Французинот би дошол на Сантјаго Бернабе.
Формула 1 во Бугарија
Формула 1 во Бугарија
slikaБугарија може да биде домаќин во Формула 1, доколку за тоа се договорат челниците на ФИА со потенцијалните бугарски организатори на состанокот кој ќе се одржи за време на трката во Нирнбуринг од 10 до 12 јули.
Топ 10 голови од Купот на конфедерации
Топ 10 голови од Купот на конфедерации
slikaБразилците имаат само два голови во овој избор, а Шпанците дури четири. Со своите мајстории Виља и Гуиза го освоија третото, односно второто место. Најубавиот гол е од Роси!
Desno


Резултати сега!