Анонимен читател испрати неколку фотографии до српската новинска агенција ЈУГпрес, тврдејќи дека на нив се наоѓа воениот злосторник и најбараниот хашки бегалец Ратко Младиќ. Погледнете ги!
Анонимен човек во редакцијата на ЈУГпрес испратил фотографии на кои, како што тврди, се наоѓа хашкиот бегалец Ратко Младиќ.
Редакцијата на ЈУГпрес пишува дека новинарите на порталот не можат да потврдат дека на сликите е навистина воениот злосторник, но ги замолуваат посетителите подобро да проценат дали навистина станува збор за Ратко Младиќ или некој кој само личи на него.
Погледнете: