Автомобилската индустрија пред колапс

Најпознатите светски автопроизводители Џенерал моторс, Форд, Опел и Фолксваген од своите држави бараат милијарди евра на заем. Доколку не добијат, ќе ги затворат своите погони и ќе отпуштат илјадници работници.

Светската автомобилска индустрија се наоѓа пред колапс поради слабата побарувачката на автомобилите ширум светските пазари.

Трите најголеми американски производители на моторни возила Џенерал Моторс, Форд, и Крајслер бараат од Конгресот да им се одобри 25 милијарди долари итен заем.


Бидејќи Конгресот минатиот месец веќе одобри заем од 25 милијарди долари за автомобилската индустрија и за други компании погодени од глобалната финансиска криза, сега алтернативата би била на автомобилските компании да им се позајмат пари од поранешниот одобрен план за развој на штедливи возила.

Доколку американската автоиндустрија не ги добие посакуваните пари, 2,5 милиони луѓе би можеле да останат без работа, а нивните погони низ цел свет да бидат затворени.

И германските автомобилски компании се соочуваат со истиот проблем и бараат помош од државата. Фолксваген, БМВ и Дајмлер наводно се договориле да побараат владини гаранции, а не финансиска инјекција, бидејќи со добивањето на гаранцијата се предвидува каматна стапка во просек од само два отсто годишно, што е многу помалку отколку кај комерцијалните кредити.

Најдалеку во молењето за пари отиде германскиот Опел, чии раководители вчера имаа состанок со канцеларката Ангела Меркел. Оттаму бараат од државата барем милијарда евра заем.

Доколку Германија не го одобри заемот за Опел кој има 27.500 вработени, се заканува опасност компанијата целосно да пропадне.

Кризата не го одмина ни најголемиот производител на автомобили, јапонската Тојота, која предупреди дека годинешниот профит ќе биде најмал во последните 13 години. Соопштенија за падот на профитот стигнаа и од Нисан и Сузуки.

За настанатата криза на светскиот пазар аналитичарите, освен финансиската криза, делумно ја обвинуваат и јапонската автомобилска индустрија.

„Јапонците, пред се Тојота, со својата политика на непрекината флексибилност предизвикаа автоиндустријата да не може да се избори со кризата. Сега последиците на таквата политика тешко се поднесуваат“, сметаат аналитичарите.

18.11.2008



Најнова Фотка
Балканкан
Анкета
Временска Прогноза
Скопје сега

Температура: 15°C
Времето во моментов
Најнови вести
16:46
Книга на годината од 119 томови!
Во земјата на чудата
14:09
12:33
Запознајте ја рибата Шрек
Во земјата на чудата
12:23
Спорт
Баерн бара пари oд ФИФА за Робен
Баерн бара пари oд ФИФА за Робен
slikaАктуелниот шампион на Германија, Баерн Минхен во првите две кола доживеа неколку стресни ситуации и еден голем шок, а дел од вината ја префрлаат на Холандскиот фудбалски сојуз.
Шалке со најскап состав досега
Шалке со најскап состав досега
slikaПосле многу бројните трансфери ова лето вецешампионот на Германија, Шалке 04 го собра најскапиот состав од формирањето на клубот досега. Според елитниот спортски сајт „трансфермакет“ идеалната единаесеторка на Феликс Магат чини точно 101,5 милиони евра, а како најскапо проценет е младиот голман Ноер.
Мурињо: Милан може да ја освои Лигата на шампионите
Мурињо: Милан може да ја освои Лигата на шампионите
slikaНовиот тренер на Реал Мадрид смета дека Милан е еден од претендентите за освојување на Лигата на шампионите оваа година, со пристигнувањето на Ибра и Робињо на „Сан Сиро“.
Капело: Бев бог, а сега сум чудовиште
Капело: Бев бог, а сега сум чудовиште
slika„Ме направивте бог, а после тоа ме прогласивте за чудовиште, зар не е така? Оваа екипа изгуби само еден натпревар на СП, и тоа после огромна судиска грешка, но повеќе на тоа никој не се сеќава. После тоа мислењето за мене потполно се промени“, изјави Капело пред почетокот на квалификациите за Европското првенство.
Скандал: Европјаните смрдат како цркнати магариња
Скандал: Европјаните смрдат како цркнати магариња
slikaKoшаркарот на американската репрезентација Дени Гренџер предизвика скандал откако на својот профил на Твитер напишал дека европјаните смрдат како мртви магариња.
Резултати сега!
Фото
Смртоносни тетоважи Фото: Кој ќе исплива побрзо со секс кукли! Фото: Танцот на девиците за кралот на Свазиленд Швалери
Видео
Еве зошто кинеската стока е толку евтина! Го распара небото Жестока борба со кучиња Одвратно добар трик го шокираше жирито
(©) 2006-2010 Taratur.com