Развод заради виртуелен секс

Една Британка побара развод откако откри дека виртуелниот лик на нејзиниот сопруг има љубовна афера со виртуелна жена во мрежната игра Second Life. Неверојатен љубовен триаголник. Прочитајте!

28-годишната Еми Тејлор вели дека нејзиниот брак со 40-годишниот Дејвид Полард завршил откако два пати го затекнала кај што ја изневерува со друга жена.

Т.е. не ја изневерувал тој, туку неговиот виртуелен лик Дејв Барми. Играта Second Life им овозможува на играчите преку интернет да живеат втор живот во кој нивните виртуелни ликови, или аватари, развиваат односи, купуваат имот и работат во замислениот свет. Интересно е тоа што парите од тој свет се конвертибилни со парите од овој свет.

Слика од реалната венчавка на Дејвид Полард и Еми Тејлор

28-годишната Еми и 40-годишниот Дејвид се запознале на интернет чат соба во 2003 година, а се венчале пред три години и живееле заедно во Лондон. Откако почнале заедно да ја играат Second Life, во играта ги венчале и своите ликови Дејв Барми и диџеј Лора Скаји.

Нивните ликови

Нивната онлајн љубов траела се додека Тејлор не се разбудила од една попладневна дремја кога го видела Полард кај што го гледа на компјутер неговиот лик Дејв како има секс со проститутка.

Еми Тејлор и нејзиниот лик Лора Скаји

Тогаш ја завршила нивната онлајн врска меѓу Скаји и Барми, но останала со Полард во реалниот живот.

Проститутката Модести Мекдонел

Меѓутоа, продолжила да се сомнева и изнајмила виртуелен детектив наречен Марки Мекдоналд да го следи Дејв Барми дали има афера со виртуелната проститутка, која била лик на 55-годишната Американка Линда Бринкли.

Слика од виртуелната венчавка на Дејв Барми и Лора Скаји

Полард го поминал тој тест, а нивните ликови продолжиле да бидат заедно и во играта. Но, Тејлор пред извесно време го затекнала неговиот виртуелен лик во компромитирачка положба со Модести Мекдонел, ликот на Линда Бринкли.

Виртуелниот љубовен триаголник

„Призна дека разговарал со таа жена играч од Америка недела или две“, вели Тејлор која веднаш наредниот ден побарала развод.

Дејвид Полард и неговиот лик Дејв Барми

Полард призна дека имал онлајн врска со Американката, но одрекува дека имал сајбер секс со неа. „Само зборувавме и се прегрнувавме. Не мислам дека направив нешто погрешно“, вели тој.

Американката Линда Брикли

Од друга страна пак, 55-годишна Линда Брикли вели дека е вљубена во Тејлор и дека одвај чека да го види во живо. Вели дека си размениле и вистински слики, а нивната онлајн љубов била на прв поглед.

15.11.2008



Најнова Фотка
Автомобилска еволуција
Анкета
topki+
Да му помогнеме на малиот Јане
Да му помогнеме на малиот Јане
Временска Прогноза
Скопје сега

Температура: 10°C
Времето во моментов
Најнови содржини
13:29 Друже Тито колку е саатот? - 7600 евра! Во земјата на чудата
00:48 Wolfsburg 2 - 1 Rubin Kazan Видео фудбал
00:19 Anderlecht 4 - 3 Hamburger SV Видео фудбал
00:15 Werder Bremen 4 - 4 Valencia Видео фудбал
00:11 Sporting Lisbon 2 - 2 Atletico Madrid Видео фудбал
00:02 Liverpool 3 - 0 Lille Видео фудбал
23:26 Standard Liege 1 - 0 Panathinaikos Видео фудбал
23:25 Marseille 1 - 2 Benfica Видео фудбал
23:22 Fulham 4 - 1 Juventus Видео фудбал
Спорт
Арсенал - Барселона, изјави по ждрепката
Арсенал - Барселона, изјави по ждрепката
slikaМенаџерот на Арсенал, Арсен Венгер рече дека шансите за двомечот со Барселона се еднакви за двата тима. А за него е многу поважна титулата во Премиер отколку ЛШ.
Манчестер - Баерн, изјави по ждрепката
Манчестер - Баерн, изјави по ждрепката
slikaСекретарот на Манчестер Јунајтед, Кен Рамсден не баш задоволен од ждребот затоа што од сите можни противници им се паднал оној тим против кој имаат најлош меѓусебен скор.
Валенсија против Атлетико, Бенфика на Ливерпул
Валенсија против Атлетико, Бенфика на Ливерпул
slikaИзвлечени се и четвртфиналните двојки од Европа лигата. Тие носат шпански дуел меѓу Валенсија и Атлетико Мадрид, а интересно ќе биде во дуелот меѓу Бенфика и Лверпул. Англичаните ги немаат во добро сеќавање Португалците.
Европскиот шампион против Арсенал!
Европскиот шампион против Арсенал!
slikaДенес во Нион беа извлечени двојките од четвртфиналето од Лигата на шампиони, како и распоредот до крајот на најелитното фудбалско натпреварување. Дефинитивно најак дуел меѓу осумте најдобри е средбата на европскиот првак со Арсенал.
Голеада во Европа
Голеада во Европа
slika34 гола на 8 меча во реваншот од осминафиналето на Лига Европа. Валенсија се пласираше против Вердер во меч со 8 гола, а Јувентус срамно ја заврши евро одисејата против Фулам.
Резултати сега!
Фото
Кој рече дека кај нас имало многу снег? Фото: Голотија и живи бои на тату шоу Знаменосец Реконструкција на детски цртежи
Видео
Наезда на бикини убавици Најлошиот пад на сите времиња Супер жена со невозможно силни мускули Би бил главен фаца на Дивиот запад
(©) 2006-2010 Taratur.com