
Слободан Милошевиќ бил прислушкуван од хрватските тајни служби. Транскриптите на важните разговори на поранешниот српски претседател сега се продаваат на аукција, а почетната цена им е само 500 динари.
Стенографските записи на прислушкувани разговори на поранешниот претседaтел на Југославија, Слободан Mилошевиќ, се понудени на аукција на интернет сајтот Лимундо со почетна цена од 500 динари.
| кликнете на сликата за да се зголеми |
Како што пишува српскиот весник Данас, станува збор за транскрипти на разговори на Милошевиќ во периодот 1995-1997 година со негови најблиски соработници, семејството, но и со многубројни политичари, меѓу кои е и тогашниот американски претседател Бил Клинтон.
Продавачот за весникот Данас, објасни дека станува збор за автентични транскрипти на разговорите на Милошевиќ, кои се снимени од хрватските разузнавачки служби, додека поранешниот српски претседател бил во вилата на Караџорѓево, но не сакал да открие како стигнал до нив.
Како што истакнува, транскриптите се однесуваат на периодот 1995 - 1997, а во нив се спомнуваат Милан Милутиновиќ, Горан Милиновиќ, Зоран Лилиќ, Урош Шуваковиќ, Момир Булатовиќ, Борислав Милошевиќ, Драган Хаџи Антиќ, Живадин Јовановиќ, Мира Марковиќ, Марија Милошевиќ, Марко Милошевиќ, Ратко Марковиќ.
Транскрипти се состојат од 17 делови, а ги имаат насловите: Клинтон: Убаво е да Ви се чуе гласот; Претседателски бес; Маки заради Радован Караџиќ; Волк на чистина; Иван се` аминува; Телеком како спас; Србите не се Курди; Заговор против Србија; Игри околу Космет; Мене Клинтон ми вели; Суров закон на мафијата; Мрак низ цела Србија.
Вилата во Караџорѓево била омилена резиденција на српскиот претседател, кој не ни сонувал дека додека ги води државните работи, сите негови телефонски разговори, и службени и политички, се прислушкуваат со помош на најсовремена американска опрема од хрватското разузнавање, коментира весникот.
Моменталната постигната цена за транскриптите е 15.000 динари (околу 185 евра), а аукцијата завршува на 13 ноември во 20.45 часот.
8.11.2008



















Малкумина се оние кои себеси можат да си дозволат било каков стан во Лондон, а да не зборуваме за оној најскапиот и најлуксузниот во цела Велика Британија. Меѓутоа, има и такви среќници кои можат да ’издвојат’ вртоглави 65 милиони фунти од својот домашен буџет и да го купат токму тој, најскап и најлуксузен стан во Британија, кој се наоѓа во самиот центар на Лондон.






