
’Модел од 1983 година, во добра состојба. Комплетна дополнителна опрема, добри суспензии, простран багажник, втор сопственик. Цена по договор. Доаѓа со придружба од три и пет години’, ова е текст од еден оглас.
Еден Романец на веб страна на која воглавно се продаваат половни автомобили ја понуди својата 25 годишна жена.
Алекс Крету, 20-годишник од Букурешт, се надевал дека за својата љубена би можел да добие 4 милиони фунти, но ја спуштил цената на 3.000 фунти за да ја продаде што побрзо.

„Жена на продажба. Модел од 1983 година, во добра состојба. Комплетна дополнителна опрема, добри суспензии, простран багажник, втор сопственик. Цена по договор. Доаѓа со придружба од три и пет години. Само сериозни понуди се земаат предвид“, ова е огласот на страната www.okazii.ro.
Алекс вели дека огласот го ставил затоа што му досадило сопругата постојано нешто да му приговара, а и да се пошегува.
Тој вели дека чекал сопругата да отиде во Шпанија, за да не дознае за продажбата.
До сега не добил прифатлива понуда бидејќи сите нуделе или прениска цена или барале да плаќаат на рати.
30.10.2008



























