Ден на македонската револуционерна борба

Македонија денеска го празнува Денот на револуционерната борба – 23 Октомври. На денешен ден во 1893 година во Солун се поставени темелите на Македонската револуционерна организација.

На 23 октомври 1893 година (стар стил) во станот на секретарот на Солунската егзархиска црковно-училишна општина Христо Батанџиев се одржа првиот состанок на МРО.

На него присуствувале: Д-р Христо Татарчев – лекар, родум од Ресен, Даме Груев – професор, родум од с. Смилево - Битолско, Петар Поп Aрсов – професор, родум од с. Богомила - Велешко, Иван Хаџи Николов – книжар во Солун, родум од Кукуш, Антон Димитров – учител, родум од с. Ајва-тово - Солунско и домаќинот Христо Батанџиев – професор, родум од с.Гуменџе, Ениџе Вардарско.

Заеднички размениле мисли за идната „политичка работа“. На средбата била разгледана општата ситуација во Македонија. Тие констатирале дека положбата на населението во Македонија е неподнослива. За нејзино подобрување била потребна „една планомерна и сериозна акција“.


Во своите спомени Иван Хаџи Николов пишува:

„Во договореното време на 23 октомври 1893 година, во петокот навечер, сите шестмина се собравме во живеалиштето на Христо Батанџиев. Јас ја објаснив целта на нашата средба дали не е време да се основа револуционерна организација, каква треба да биде нејзината тактика и нејзиното политичко верују, кои ќе имаат право да членува-ат во неа, и какви треба да бидат нејзините односи со македонската емиграција што се наоѓа надвор од територијата на Македонија и сл.

Поставените прашања беа предмет на разгледување од нас шестмината, но најподробно и најопширно се искажа д-р Христо Татарчев. На крај дојдовме до следнава согласност:

1. Организацијата треба да биде тајна и револуционерна,
2. Нејзината територија ја сочинува само Македонија, во нејзините географски и етнографски граници, поради што ќе се нарекува и внатрешна,
3. Во неа ќе членуваат лица родени и што живеат во Македонија, без разлика на вера и народност,
4. Политичкото верују на организираните Македонци е: автономија на Македонија и
5. Да се запазува самостојноста на Организацијата, за да не падне под влијание на политиката на владите на соседните држави....
За проширувањето на кружокот и за привлекување на сомисленици, на крај решивме секој еден од нас да ги посветува во револуционерната идеја своите најблиски луѓе во Солун и провинцијата....“


Нека ни е честит празникот Македонци!



23.10.2008



Најнова Фотка
Автомобилска еволуција
Анкета
topki+
Да му помогнеме на малиот Јане
Да му помогнеме на малиот Јане
Временска Прогноза
Скопје сега

Температура: 9°C
Времето во моментов
Најнови содржини
13:29 Друже Тито колку е саатот? - 7600 евра! Во земјата на чудата
00:48 Wolfsburg 2 - 1 Rubin Kazan Видео фудбал
00:19 Anderlecht 4 - 3 Hamburger SV Видео фудбал
00:15 Werder Bremen 4 - 4 Valencia Видео фудбал
00:11 Sporting Lisbon 2 - 2 Atletico Madrid Видео фудбал
00:02 Liverpool 3 - 0 Lille Видео фудбал
23:26 Standard Liege 1 - 0 Panathinaikos Видео фудбал
23:25 Marseille 1 - 2 Benfica Видео фудбал
23:22 Fulham 4 - 1 Juventus Видео фудбал
Спорт
Арсенал - Барселона, изјави по ждрепката
Арсенал - Барселона, изјави по ждрепката
slikaМенаџерот на Арсенал, Арсен Венгер рече дека шансите за двомечот со Барселона се еднакви за двата тима. А за него е многу поважна титулата во Премиер отколку ЛШ.
Манчестер - Баерн, изјави по ждрепката
Манчестер - Баерн, изјави по ждрепката
slikaСекретарот на Манчестер Јунајтед, Кен Рамсден не баш задоволен од ждребот затоа што од сите можни противници им се паднал оној тим против кој имаат најлош меѓусебен скор.
Валенсија против Атлетико, Бенфика на Ливерпул
Валенсија против Атлетико, Бенфика на Ливерпул
slikaИзвлечени се и четвртфиналните двојки од Европа лигата. Тие носат шпански дуел меѓу Валенсија и Атлетико Мадрид, а интересно ќе биде во дуелот меѓу Бенфика и Лверпул. Англичаните ги немаат во добро сеќавање Португалците.
Европскиот шампион против Арсенал!
Европскиот шампион против Арсенал!
slikaДенес во Нион беа извлечени двојките од четвртфиналето од Лигата на шампиони, како и распоредот до крајот на најелитното фудбалско натпреварување. Дефинитивно најак дуел меѓу осумте најдобри е средбата на европскиот првак со Арсенал.
Голеада во Европа
Голеада во Европа
slika34 гола на 8 меча во реваншот од осминафиналето на Лига Европа. Валенсија се пласираше против Вердер во меч со 8 гола, а Јувентус срамно ја заврши евро одисејата против Фулам.
Резултати сега!
Фото
Кој рече дека кај нас имало многу снег? Фото: Голотија и живи бои на тату шоу Знаменосец Реконструкција на детски цртежи
Видео
Несмасна манекенка падна на газ, а потоа ја нокаутира гонг Наезда на бикини убавици Најлошиот пад на сите времиња Супер жена со невозможно силни мускули
(©) 2006-2010 Taratur.com