Слободата на говор е најзастапена на интернет. Некои страници и без оглед на бурните реакции на јавноста и идеите што ги промовираат и понатаму егзистираат. Еве кои се најконтроверзните веб сајтови.
Анорексија и булимија
Станува збор за веб страница која ја одобрува анорексијата и булимијата. Овој сајт дава ’корисни’ совети за криење на ваквите пореметувања, одржување на болеста и посетителите ги мотивира со фотки од екстремно слаби луѓе, чесно славни.
Владите на многу земји се залагаат за укинување на овој сајт, но и покрај бројните обиди, тој е се уште активен, а постои и движење кои се залага за неговото право на постоење.
Houseofthin.com
Самоубиство
Наместо вообичаено да се поттикнуваат депресивците да гледаат и на светлата страна од животот, или да им се помогне да ги надминат своите проблеми, овој веб сајт ги поттикнува оние блиску до самоубиство да го направат конечниот чекор, охрабрувајќи ги дека тоа е едно можно решение за нивните проблеми.
Ashbusstop.org
Rotten.com
Rotten.com е американски сајт со слоган „Архив на вознемирувачки илустрации“, под водство на Soylent Communications. Покренат е за да ги задоволи морбидните љубопитни.
Пред се има ужасни фотки од посмртни останки, потоа деформации, аутопсии, снимки од перверзен секс и историски занимливости кои се вознемирувачки или мизантропни.
Страницата е основана во 1996 и оттогаш нејзиниот формат малку се промени.
Rotten.com
За педофилија
Ова е движење кое се залага за легализација и охрабрува токму сексуални односи меѓу возрасни и „доброволни“ малолетници. Се залагаат за слобода во сексот за сите групи (лезбиски, геј и тн), истакнувајќи дека поддржуваат само доброволен секс.
Nambla.org
Фотографија од местото на злосторството
Сајтот е особено контроверзен ако се знае дека неговата содржина може да влијае на семејството на жртвата. Иако овие фотографии се често достапни на јавноста, добар дел се украдени од полициските архиви.
Новинските статии во американските медиуми едно време беа полни со приказната за едно семејство кое некој цело време ја бомбардирал со страотни фотографии од сообраќајна несреќа во која загинала нивната ќерка.
Crimescenephotos.html
Величење на сериски убијци
Против сериите, документарките и филмовите за сериските убијци повеќето луѓе немаат ништо против, но овој веб сајт ги помина границите на добриот вкус. Затоа е и на оваа листа. Добро е да се знае дека такви луѓе постојат, но печатењето календари и карти со нивните ликови сигурно ќе предизвика згрозување и револт.
Страшно е кога ќе помислите дека цела заедница е опседната со работите поврзани со ликот и делото на најголемите убијци во историјата на човештвото.
Serialkillercalendar.com
Повеќе:
The List Universe 13.10.2008