Селекторот на Германија Јоаким Лев го исфрли напаѓачот Кевин Курањи од репрезентацијата заради повреда на дисциплината.
Кевин Курањи без да се поздрави го напушти националниот тим во текот на вчерашниот меч со Русија.
Додека неговите соиграчи ја победуваа Русија, голгетерот на Шалке, кој не беше во комбинација за составот на тимот, го напушти стадионот во Дортмунд, што предизвика неубава атмосфера меѓу панцирите.
Курањи првото полувреме го следеше од трибините, во друштво со останатите играчи кои не се најдоа ни на клупата.
На полувремето побарал дозвола да се пресоблече и остатокот од мечот да го следи со приајтелите, но неговото барање било одбиено.
Сепак, и покрај негативниот одговор, Курањи самоиницијативно си заминал. Тој не се ни јавувал на телефонските повици на тим менаџерот
Оливер Бироф, а во текот на вечерта не се појавил ни во хотелот во Дизелдорф, каде е базата на репрезентацијата на Германија.
Напаѓачот на Шалке не беше расположен за разговор со медиумите. Досега во дресот на Елфот одигра 52 натпревари и постигна 19 гола.
12.10.2008