Соединетите Американски држави ја тргнале Северна Кореја од “црната листа“ на која се наоѓаат земји кои му помагаат на тероризмот, објави портпаролот на Стејт департментот Шон МекКормак.
Оваа одлука ја донесе претседателот Џорџ Буш откако земјата дозволи пристап на експертите на своите „пријавени“ нуклеарни објекти. Проверките ќе ги изврши Агенцијата за атомска енергија.
Исто така, договорено е дека експертите ќе можат да ги прегледаат и непријавените постројки на севернокорејските нуклеарни објекти, но и дека Северна Кореја ќе продолжи со стопирањето на своите нуклеарни потенцијали.
12.10.2008