Најнова Фотка
Ву две
Аирлија нека е!
Airlija

Квалификации за СП2010 - резултати и видео

Во третото коло од квалификациите за Светското првенство кое ќе се одржи во 2010 во Јужна Африка, фаворитите беа речиси секаде поуспешни. Во нашата група, Шкотска и Норвешка ремизираа.

Ова коло во нашата група 9 испадна можеби најдобро за нас. Шкотска ремизираше без голови со Норвешка на домашен терен, додека Холандија рутинирано го победи Исланд со 2-0, со головите на Матејсен и Хунтелар.

Сега на врвот останува Холандија со 6 поени од две кола, втора е Шкотска со 4 поени од 3 кола, а трета е Македонија со 3 поени од две кола. Норвешка има 2 бода од исто толку меча, а Исланд има само бод.

Англија го совлада Казахстан со 5-1, со головите на Фердинанд, два на Руни, еден на Дефо и автогол на Кучма, додека голот за Казахстан го постина Кукеев. Во истата, група 6, се одигра и натпреварот Украина - Хрватска кој заврши без голови. Англија останува на првата позиција со 9 поени од три кола, додека Украина е втора со 7.

Во натпреварот што можевте во живо да го следите на Таратур, Германија ја победи Русија со 2-1, со головите на Лукас Подолски и Михаел Балак за Германија, а Андреј Аршавин успеа само да постигне почесен погодок.

Во истата група 4, Финска го совлада Азајберџан со 1-0, а Велс го победи Лихтенштајн со 2-0. На првото место останува Германија со 7 поени од 3 кола, пред Велс кој има 6, трета е Финска со 4, исто колку и Русија.

Италија не успеа да стигне до трите поени во Софија, против Бугарија. Бугарите ги задржаа Аѕурите на резултат од 0-0, а во истата група 8, Грузија и Кипар одиграа нерешено 1-1. Италија останува прва со 7 поени од 3 кола, пред Ирска со 4.

Франција едвај извлече бод во Романија, откако Романците водеа со 2-0 со головите на Петре и Гојан, но Французите изедначија преку Рибери и Гуркуф. Србија славеше со 3-0 против Литванија во истата група, додека Фарските Острови го направија најголемото изненадување ремизирајќи 1-1 со Австрија. Сега во групата 7, први избија Србите со 6 поени исто колку и Литванија, додека Австрија, Романија и Франција имаат по 4.

Чесите загубија во Полска со 2-1. Головите за Полјаците ги постигнаа Брозек и Блажиковски, за Чешка прецизен беше Фенин. Словенија ја совлада С. Ирска со 2-0 во истата група, додека Словачка резервирано славеше со 1-3 во Сан Марино. Сега Полска останува на првата позиција со 7 поени од трите кола, исто колку и Словенија, пред Словачка која има 6. Чешка е на четвртата позиција со само 1 поен.

Шпанија славеше на гостински терен кај Естонија со 3-0, со головите на Хуанито, Давид Виља и Пујол, а во истата група Турција славеше над Босна и Херцеговина со 2-1, и Белгија беше поуспешна од Лихтенштајн со 2-0.

Во групата 2, Швајцарија славеше над Латвија со 2-1, Израел го победи Луксембруг со 1-3, додека Грција победи со 3-0 против Молдавија. Во групата 1, Португалија одигра нерешено само 0-0 со Шведска, а Унгарија славеше против Албанија со 2-0 и Данска со Малта со 3-0.

Следното коло од квалификациите се игра во вторник и среда, кога македонската репрезентација гостува во Рејкјавик каде што ќе игра против Исланд.

Наум Баварец/Таратур

12.10.2008



Гледајте фудбал
Спорт
Аргентинецот Скелото цар во американската лига!
Аргентинецот Скелото цар во американската лига!
slikaПлејмејкерот на Колумбус Кру, Гиљермо Барос Скелото е прогласен за најкорисен фудбалер на основниот дел на американската професионална фудбалска лига.
Рамос ќе го наследи Малдини
Рамос ќе го наследи Малдини
slikaЛегендарниот капитен на Милан на крајот од сезоната ќе се прости со фудбалот. Како најсериозен конкурент за неговото место се смета Шпанецот Серхио Рамос.
Силва: Роналдо се обиде да ми ја скрши ногата
Силва: Роналдо се обиде да ми ја скрши ногата
slikaВо пријателскиот натпревар Бразил ја збриша Португалија со 6:2, а фудбалерите на најфудбалската нација го обвинија Роналдо прегруба игра и намерни остри стартови.
Амаури: Интер игра просечно
Амаури: Интер игра просечно
slikaУспешната победничка низа внесе оптимизам кај фудбалерите на Јувентус, кои се надеваат на победа во големото дерби со Интер.
Донован потпиша за Баерн Минхен
Донован потпиша за Баерн Минхен
slikaГерманскиот гигант објави дека американскиот репрезентативец Лендон Донован е нов играч на тој клуб.
Погледнете го успешното деби на Марадона
Погледнете го успешното деби на Марадона
slikaВо натпреварот што можевте во живо да го следите на Таратур, легендата на аргентинскиот фудбал на Хемпден Парк имаше одлична премира како селектор.
Видео: Загубивме од Црна Гора
Видео: Загубивме од Црна Гора
slikaНашите репрезентативци повторно покажаа променлива игра. Во првиот дел игравме очајно и примивме 2 погодоци, додека во вториот одигравме нешто подобро и успеавме да намалиме.
Desno


Резултати сега!
slika
Топки +