Водечкиот во генералниот пласман, Луис Хамилтон, утре ќе стартува од првата старна позиција на патеката Фуџи во Јапонија.
Хамилтон ги извози првите и вторите квалификации со второ и трето време, за во третите при првото возење да биде позади Кими Раиконен, но во вториот круг извозие 1.18.404 со што го престигна Финецот. Раиконен (1.18.644) утре ќе стартува од втората позиција.
Другиот кандидат за освојување на титулата, Фелипе Маса изгледаше дека утре ќе стартува од третата позиција, но вториот возач на Мекларен, Хајки Ковалаинен и Фернандо Алонсо со неговото Рено во последното возење излегоа пред него. Тие тројца беа во растојание од нецели 5 стотинки. Па сега Ковалаинен стартува трет, Алонсо четврт, а Маса дури петти.
Тимо Глок, кој беше најбрз на вчерашните тренинзи, беше побавен од возачот на БМВ, Роберт Кубица кој ке стартува од шестата позиција, и Јарно Трули (неговиот тимски колега) кој стартува седми. Глок успеа да извози време само за осмата позиција.
Двата Торо Роса влегоа во првите 10, и двајцата ќе стартуваат од петтиот стартен ред.
Тие се веднаш пред нивните „близнаци“ од Ред Бул, Дејвид Култхард и Марк Вебер, кој стартуваат од 11 и 13 позиција. Тие се одделени од младиот возач на Рено, Нелсињо Пике кој ке стартува дванаесетти.
Исто како и Ред Булите и двата Вилиамса не успеаа да направат добар резултат во вторите квалификации. Казуки Накаџима ке стартува четринаесетти додека Нико Розберг петнаесети.
Најизненадувачки беше резултатот на Ник Хајдфилд, кој не беше задоволен од своето БМВи утре ке стартува од шеснаесетата позиција. Тој беше подобар од Рубенс Баричело и неговиот тимски колега од Хонда Џенсон Батон. И стандардно последните возачи на Форс Индија, Адријан Сутил и Џанкарло Физикела.
Утрешнииот редослед на стартот:
1. Луис Хамилтон 1:18.404
2. Кими Раиконен 1:18.644
3. Хајки Ковалаинен 1:18.821
4. Фернандо Алонсо 1:18.852
5. Фелипе Маса 1:18.874
6. Роберт Кубица 1:18.979
7. Јарно Трули 1:19.026
8. Тимо Глок 1:19.118
9. Себастијан Фетел 1:19.638
10. Себастијан Бурде 1:20.167
11. Дејвид Култхард
12. Нелсињо Пике
13. Марк Вебер
14. Казуки Накаџима
15. Нико Розберг
16. Ник Хајдфилд
17. Рубенс Баричело
18. Џенсон Батон
19. Адријан Сутил
20. Џанкарло Физикела
Наум Баварец/Таратур
11.10.2008