Односите меѓу Кина и САД сигурно ќе бидат нарушени поради намерата на Вашингтон да му продаде оружје на Тајван.
Ова синоќа во Пекинг го соопшти портпаролот на кинеското Министерство за одбрана Хуанг Суепинг.
Тој предупреди дека контактите на високо ниво би можелe да бидат замрзнати.
“Намерата на САД да не ги уважува ставовите на Кина и инсистирањето на Конгресот да се проследи предлогот за продажба на оружјето на Тајван, без сомневање сериозно ќе им наштети на односите во областа на воената соработка меѓу САД и Кина“, рече Хуанг.
Според Министерството, ова ќе создаде пречка во размената и соработката во разни области, вклучително и воените контакти на високо ниво. Одговорноста за тоа е целосна на САД“, укажа кинескиот претставник.
Copyright 2008 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
11.10.2008