Најнова Фотка
Ву две
Аирлија нека е!
Airlija

Македонија одбележува 67 години од Народното востание


Македонија денеска со пригодни манифестации ја одбележува 67-годишнината од почетокот на антифашистичкото востание и народноосло- бодителната борба на 11 октомври 1941 година.

Високи делегации на Владата и на Собранието, претпладнево положија венци на партизанските гробишта и на гробот на командантот на Главниот штаб на Народноослободителната војска Михајло Апостолски во Скопје.

Венци се положени и пред споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто во Прилеп и пред Спомен костурницата на паднатите борци од НОБ на Македонија во Куманово.

Во рамки на одбележувањето на државниот празник, напладне во Собранието на Македонија беше доделена традиционалната награда „11 Октомври“.

Годинешни добитници на наградата „11 Октомври” за животно дело во областа на науката и образованието за 2008 се лингвистот проф. д-р Коста Пеев, историчарот проф. д-р Михајло Миноски и на Истражувачкиот центар за генетско инженерство и биотехнологија при МАНУ од Скопје.

Во областа на културата и уметноста награда „11 Октомври” за животно дело доби писателот и академик Божин Павловски.

Академици, историчари и универзитетски професори попладнево во Скопје ќе дискутираат на јавна дебата на тема „Зошто востанието во 1941 година го кренале комунисти”.

Одбележувањето на годишнината од Денот на востанието започна во петокот вечер со Свечена академија што се одржа во Домот на Армијата во Скопје.




Copyright 2008 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.


11.10.2008




Гледајте фудбал
Спорт
Аргентинецот Скелото цар во американската лига!
Аргентинецот Скелото цар во американската лига!
slikaПлејмејкерот на Колумбус Кру, Гиљермо Барос Скелото е прогласен за најкорисен фудбалер на основниот дел на американската професионална фудбалска лига.
Рамос ќе го наследи Малдини
Рамос ќе го наследи Малдини
slikaЛегендарниот капитен на Милан на крајот од сезоната ќе се прости со фудбалот. Како најсериозен конкурент за неговото место се смета Шпанецот Серхио Рамос.
Силва: Роналдо се обиде да ми ја скрши ногата
Силва: Роналдо се обиде да ми ја скрши ногата
slikaВо пријателскиот натпревар Бразил ја збриша Португалија со 6:2, а фудбалерите на најфудбалската нација го обвинија Роналдо прегруба игра и намерни остри стартови.
Амаури: Интер игра просечно
Амаури: Интер игра просечно
slikaУспешната победничка низа внесе оптимизам кај фудбалерите на Јувентус, кои се надеваат на победа во големото дерби со Интер.
Донован потпиша за Баерн Минхен
Донован потпиша за Баерн Минхен
slikaГерманскиот гигант објави дека американскиот репрезентативец Лендон Донован е нов играч на тој клуб.
Погледнете го успешното деби на Марадона
Погледнете го успешното деби на Марадона
slikaВо натпреварот што можевте во живо да го следите на Таратур, легендата на аргентинскиот фудбал на Хемпден Парк имаше одлична премира како селектор.
Видео: Загубивме од Црна Гора
Видео: Загубивме од Црна Гора
slikaНашите репрезентативци повторно покажаа променлива игра. Во првиот дел игравме очајно и примивме 2 погодоци, додека во вториот одигравме нешто подобро и успеавме да намалиме.
Desno


Резултати сега!
slika
Топки +