Најнова Фотка
Ву две
Аирлија нека е!
Airlija

Мојата црвена линија

Пишува: проф. д-р Билјана Ванковска


Во еден скорешен коментар напишав дека нема да ја коментирам циркузијадата во врска со името се додека не го видам предложеното „чесно и достоинствено“ решение од Нимиц, во целост и на англиски. Тоа дека државното водство нема ниту стратегија, ниту политика, ниту став по ова прашање - го знаат веќе и врапчињата. Но, тоа не е причина јас да немам свој став... А тој е: ДОСТА МИ Е!

Уверена сум дека „Еднооките“ убаво ќе го нацртаат Нимиц со оној чуден фластер на главата, но настрана од трагикомичната појава на преговарачот кој се позабележливо пелтечи кога говори, јас сметам дека нему лично му е потребно „чесно повлекување“. Ако преговорите не само што не водат до решение, туку и ги влошија билатералните односи меѓу двете земји, сигурно дел од одговорноста носи и преговарачот.

За разлика од една Србија која и покрај се, издејствува изнесување на прашањето за Косово пред Меѓународниот суд на правдата, нашиве капитуланти се плашат од секое излегување на чистина или преземање на радикални мерки.

Се плашат да ја туркаат работата преку обраќање до Генералното собрание и Меѓународниот суд, се плашат да го постават прашањето за прекршувањето на Времената спогодба, се плашат да најават експлицитен став со кој не се прифаќа преговарање околу промена на Уставот и преименување на нацијата, се плашат да кажат дека преговорите се неуспешни...

Бидејќи Премиерот вели дека ние, граѓаните се прашуваме (и) за името, еве веднаш ќе му кажам неколку работи:

Прво, не ми паѓа на памет да излегувам на референдум да се изјаснувам за името, кога не станува збор за името, туку за 14 точки кои перфидно задираат во она што сме. За сите ли ќе одлучуваме на референдум?

Второ, силно се противам на промена на Уставот како највисок политички и правен акт на оваа земја, во која власта произлегува од народот, а Уставот е израз на таа волја. Ниту еден меѓународен договор не смее и не може да се наметне како порелевантен од волјата на народот. Вака, го губиме она што во теоријата се нарекува уставна сувереност (вклучувајќи го и правото на самоопределување)

Трето, не доаѓа предвид менување на пасошите, најмалку ограничувањето уставното име на мојата земја да се пишува само на кирилица, а новокомпонираното на три јазика (тоа наведува на помисла дека сме шизофрена нација, со повеќеслојна меѓународна личност). Всушност, на тој начин ќе потврдиме дека сме протекторат!

Четврто, и покрај мојата силна желба Македонија да ја видам како граѓанска а не етнички дефинирана земја, сепак името на мојот народ е македонски. Овде не живее аморфна маса наречени „граѓани на Северна Македонија“ само за меѓународна употреба, а за по дома ќе се делиме и пребројуваме во етнички стада. И тоа е синдром на повеќеслојна личност. Ова е перфиден начин на кој им забиваме нож в грб на сите Македонци кои живеат надвор, како национални малцинства во соседните и другите земји. Тоа е рамно на национално предавство.

Петто, ако попуштиме на вакви очигледни притисоци за обезличување и елиминирање на македонскиот народ, тогаш залудни ќе останат сите битки низ историјата, но и сета наша несреќна битка која започна со денот на прогласување на независноста.

Може ќе речете, со право, ова е помалку несреден и емоционален текст, ама веќе ми пукна филмот!





Авторот е доктор по правни науки, сопственик на блогот: vankovska.blog.com.mk



9.10.2008




Гледајте фудбал
Спорт
Аргентинецот Скелото цар во американската лига!
Аргентинецот Скелото цар во американската лига!
slikaПлејмејкерот на Колумбус Кру, Гиљермо Барос Скелото е прогласен за најкорисен фудбалер на основниот дел на американската професионална фудбалска лига.
Рамос ќе го наследи Малдини
Рамос ќе го наследи Малдини
slikaЛегендарниот капитен на Милан на крајот од сезоната ќе се прости со фудбалот. Како најсериозен конкурент за неговото место се смета Шпанецот Серхио Рамос.
Силва: Роналдо се обиде да ми ја скрши ногата
Силва: Роналдо се обиде да ми ја скрши ногата
slikaВо пријателскиот натпревар Бразил ја збриша Португалија со 6:2, а фудбалерите на најфудбалската нација го обвинија Роналдо прегруба игра и намерни остри стартови.
Амаури: Интер игра просечно
Амаури: Интер игра просечно
slikaУспешната победничка низа внесе оптимизам кај фудбалерите на Јувентус, кои се надеваат на победа во големото дерби со Интер.
Донован потпиша за Баерн Минхен
Донован потпиша за Баерн Минхен
slikaГерманскиот гигант објави дека американскиот репрезентативец Лендон Донован е нов играч на тој клуб.
Погледнете го успешното деби на Марадона
Погледнете го успешното деби на Марадона
slikaВо натпреварот што можевте во живо да го следите на Таратур, легендата на аргентинскиот фудбал на Хемпден Парк имаше одлична премира како селектор.
Видео: Загубивме од Црна Гора
Видео: Загубивме од Црна Гора
slikaНашите репрезентативци повторно покажаа променлива игра. Во првиот дел игравме очајно и примивме 2 погодоци, додека во вториот одигравме нешто подобро и успеавме да намалиме.
Desno


Резултати сега!
slika
Топки +