Најнова Фотка
Ву две
Аирлија нека е!
Airlija

На облог испил пола кило водка и умрел


Половина литар водка, колку што испил за само 20 минути заради облог, го чинело живот 19-годишниот британски студент по психологија.

Како што пренесуваат британските медиуми, Џејсон Венеција се обложил во 40 фунти дека може да испие 0.75 литри водка така што секои 45 секунди ќе пие по една чашка на екс.

По 15 чашки вотка, односно половина литар водка, веќе не можел да стои ниту да зборува, па затоа неговите пријатели го ставиле в кревет. Го проверувале на секој 15 минути бидејќи стравувале дека може да се задуши од своите повраќаници.

Пријателот останал со него следното утро го пронашол мртов. Сепак, причината не било загушување, туку труење од алкохол.

Обдукцијата покажала дека во крвта имал шест пати повеќе алкохол од дозволената количина, односно 4.99 промили. Неговата смрт е прогласена за несреќен случај.

Родителите на починатиот студент, Енио и Џоан Венеција, бараат законската граница за конзумирање алкохол да се помести од 18 на 21 година.

„Не обвинуваме никого, но сметаме дека треба да ја сузбиеме таа култура на студентско опивање. Младите треба да знаат дека таквите игри со алкохол можат да бидат смртоносни“, изјави мајката на Џејсон.


9.10.2008




Гледајте фудбал
Спорт
Аргентинецот Скелото цар во американската лига!
Аргентинецот Скелото цар во американската лига!
slikaПлејмејкерот на Колумбус Кру, Гиљермо Барос Скелото е прогласен за најкорисен фудбалер на основниот дел на американската професионална фудбалска лига.
Рамос ќе го наследи Малдини
Рамос ќе го наследи Малдини
slikaЛегендарниот капитен на Милан на крајот од сезоната ќе се прости со фудбалот. Како најсериозен конкурент за неговото место се смета Шпанецот Серхио Рамос.
Силва: Роналдо се обиде да ми ја скрши ногата
Силва: Роналдо се обиде да ми ја скрши ногата
slikaВо пријателскиот натпревар Бразил ја збриша Португалија со 6:2, а фудбалерите на најфудбалската нација го обвинија Роналдо прегруба игра и намерни остри стартови.
Амаури: Интер игра просечно
Амаури: Интер игра просечно
slikaУспешната победничка низа внесе оптимизам кај фудбалерите на Јувентус, кои се надеваат на победа во големото дерби со Интер.
Донован потпиша за Баерн Минхен
Донован потпиша за Баерн Минхен
slikaГерманскиот гигант објави дека американскиот репрезентативец Лендон Донован е нов играч на тој клуб.
Погледнете го успешното деби на Марадона
Погледнете го успешното деби на Марадона
slikaВо натпреварот што можевте во живо да го следите на Таратур, легендата на аргентинскиот фудбал на Хемпден Парк имаше одлична премира како селектор.
Видео: Загубивме од Црна Гора
Видео: Загубивме од Црна Гора
slikaНашите репрезентативци повторно покажаа променлива игра. Во првиот дел игравме очајно и примивме 2 погодоци, додека во вториот одигравме нешто подобро и успеавме да намалиме.
Desno


Резултати сега!
slika
Топки +