Македонската амбасадорка во Албанија Благородна Мингова – Крепиева, на средбата со градоначалникот на Либражд, Кастиот Бечај, побара отворање на училишта на македонски јазик.
Како што јави дописникот на Макфакс, амбасадорката Крепиева истакнала дека отворањето на училиштата е во интерес на двете земји.
Според неа, Македонија е подготвена и да инвестира во одредена патна инфраструктура. На средбата во Либражд станало збор и за што поскоро отворање на нов граничен премин во областа на Голо Брдо.
Денешниот албански печат барањето на македонската амбасадорка го оцени како тенденциозно.
Весникот „Шќип“ наведува дека Скопје ја копира Атина во врска со барањето за отворање на нови училишта на македонски јазик, како што тоа го прават Грците во јужна Албанија. Весникот во својот коментар наведува дека ова е изненадувачко барање од Македонија.
Copyright 2008 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
9.10.2008