Најнова Фотка
Ву две
Аирлија нека е!
Airlija

Фабрегас сака да замине во Барселона


Шпанскиот репрезентативец призна дека можеби ќе си замине од клубот доколку Арсенал оваа сезона не успее да освои ниту еден трофеј.

Арсенал веќе три сезони нема освоено ништо, а коментарите на Фабрегас дополнително ќе го загрижат Арсен Венгер.

„Сега во Арсенал ми е супер, но не можам да речам дека не сакам да одам во Барса. Тоа ќе биде остварување на мојот сон“, изјави Шпанецот за магазинот Metro.

„Одлучив да останам овде и оваа сезона, па сега сум концентриран само на освојувањето трофеи. Сепак, ќе видиме како ќе оди. Барса игра напаѓачки фудбал и ми беше задоволство да ги гледам кога го победија Атлетико со 6:1. Среќен сум поради тоа што таму играат фудбалери кои започнаа во нивната младинска школа, таму каде што започнав и јас“,

Фабрегас исто така призна дека му недостасува играњето со Александр Хлеб, кој си замина од Емирати минатото лето и сега ги брани боите токму на каталонскиот гигант.

„Секоја недела зборувам со Хлеб затоа што навистина ми недостасува во Арсенал. Тој е голем пријател и би сакал повторно да играм со него“.

Тој исто така ја пофали и играта на белорускиот интернационалец: „Хлеб секогаш те бара за да ти ја додаде топката. Ако му ја дадеш топката, знаеш дека ќе ти ја врати токму кога тоа ќе биде најпотребно. Играњето фудбал со него е многу полесно“.
8.10.2008



Гледајте фудбал
Спорт
Аргентинецот Скелото цар во американската лига!
Аргентинецот Скелото цар во американската лига!
slikaПлејмејкерот на Колумбус Кру, Гиљермо Барос Скелото е прогласен за најкорисен фудбалер на основниот дел на американската професионална фудбалска лига.
Рамос ќе го наследи Малдини
Рамос ќе го наследи Малдини
slikaЛегендарниот капитен на Милан на крајот од сезоната ќе се прости со фудбалот. Како најсериозен конкурент за неговото место се смета Шпанецот Серхио Рамос.
Силва: Роналдо се обиде да ми ја скрши ногата
Силва: Роналдо се обиде да ми ја скрши ногата
slikaВо пријателскиот натпревар Бразил ја збриша Португалија со 6:2, а фудбалерите на најфудбалската нација го обвинија Роналдо прегруба игра и намерни остри стартови.
Амаури: Интер игра просечно
Амаури: Интер игра просечно
slikaУспешната победничка низа внесе оптимизам кај фудбалерите на Јувентус, кои се надеваат на победа во големото дерби со Интер.
Донован потпиша за Баерн Минхен
Донован потпиша за Баерн Минхен
slikaГерманскиот гигант објави дека американскиот репрезентативец Лендон Донован е нов играч на тој клуб.
Погледнете го успешното деби на Марадона
Погледнете го успешното деби на Марадона
slikaВо натпреварот што можевте во живо да го следите на Таратур, легендата на аргентинскиот фудбал на Хемпден Парк имаше одлична премира како селектор.
Видео: Загубивме од Црна Гора
Видео: Загубивме од Црна Гора
slikaНашите репрезентативци повторно покажаа променлива игра. Во првиот дел игравме очајно и примивме 2 погодоци, додека во вториот одигравме нешто подобро и успеавме да намалиме.
Desno


Резултати сега!
slika
Топки +