Најнова Фотка
Ву две
Аирлија нека е!
Airlija

Сити повторно заинтересиран за Анри


Според медиумите во Англија, Манчестер Сити подготвува понуда со која ќе се обиде да го привлече Французинот уште во јануарскиот преоден рок.

Како што извести Daily Mail, менаџерот на Сити, Марк Хаџис, го потенцирал Анри како одговор за проблемот со неговиот тим.

Светло сините се чувствуваат разочарано по пресвртот на Ливерпул во изминатото коло, кога Сити загуби со 2-3 по предноста од 2-0.

Фернандо Торес беше човекот кој им даде два гола на Сити, додека третиот го постигна Дирк Кајт во продолжението.

Токму шпанскиот напаѓач е многу споредуван со Тиери Анри, уште откако дојде во Англија и се шпекулира дека и тој е на листата на играчи кои газдите од Сити ги посакуваат.

Но бидејќи врската меѓу Торес и Ливерпул изгледа дека тешко ќе се раскине, Хаџис сака да го ангажира францускиот напаѓач кој додека играше за Арсенал постигна 174 голови.

Анри дојде во Барселона во 2007 година, но не успеа да се снајде на Камп Ноу баш како што посакуваше. Тој сепак не е ни толку лош, има постигнато 22 гола и има 12 асистенци за само една сезона, но не е задоволен од крилната позиција што ја добива, а и му недостига неговата ќерка Теа која живее во Лондон со нејзината мајка.

Сити беа силно заинтересирани за Анри во изминатово лето, но тогашниот сопственик Шинаватра беше загреан да го донесе Роналдињо, па на крајот остана и без двајцата.

Иако Анри има 30 години, сепак во премиерлигашот сметаат дека заедно со Робињо ќе претставуваат вистинска закана по противничките одбрани.

А со парите кои ги има Абу Даби Јунајтед групацијата, Граѓаните нема да имаат проблеми да платат колку и да побара Барса за овој играч.

Хаџис по се изгледа ке бара и нов голман, бидејќи како што се развиваат работите Каспер Шмајхел во јануарскиот преоден рок ќе си замине од Сити.

Наум Баварец/Таратур
7.10.2008



Гледајте фудбал
Спорт
Аргентинецот Скелото цар во американската лига!
Аргентинецот Скелото цар во американската лига!
slikaПлејмејкерот на Колумбус Кру, Гиљермо Барос Скелото е прогласен за најкорисен фудбалер на основниот дел на американската професионална фудбалска лига.
Рамос ќе го наследи Малдини
Рамос ќе го наследи Малдини
slikaЛегендарниот капитен на Милан на крајот од сезоната ќе се прости со фудбалот. Како најсериозен конкурент за неговото место се смета Шпанецот Серхио Рамос.
Силва: Роналдо се обиде да ми ја скрши ногата
Силва: Роналдо се обиде да ми ја скрши ногата
slikaВо пријателскиот натпревар Бразил ја збриша Португалија со 6:2, а фудбалерите на најфудбалската нација го обвинија Роналдо прегруба игра и намерни остри стартови.
Амаури: Интер игра просечно
Амаури: Интер игра просечно
slikaУспешната победничка низа внесе оптимизам кај фудбалерите на Јувентус, кои се надеваат на победа во големото дерби со Интер.
Донован потпиша за Баерн Минхен
Донован потпиша за Баерн Минхен
slikaГерманскиот гигант објави дека американскиот репрезентативец Лендон Донован е нов играч на тој клуб.
Погледнете го успешното деби на Марадона
Погледнете го успешното деби на Марадона
slikaВо натпреварот што можевте во живо да го следите на Таратур, легендата на аргентинскиот фудбал на Хемпден Парк имаше одлична премира како селектор.
Видео: Загубивме од Црна Гора
Видео: Загубивме од Црна Гора
slikaНашите репрезентативци повторно покажаа променлива игра. Во првиот дел игравме очајно и примивме 2 погодоци, додека во вториот одигравме нешто подобро и успеавме да намалиме.
Desno


Резултати сега!
slika
Топки +