Како што тврди британскиот весник Sunday Mirror, на Манчестер му се заканува опасност да остане без главниот спонзор АИГ, чие лого веќе две сезони стои на клупските дресови.
Пред две години оваа американска осигурителна компанија потпиша договор со Црвените ѓаволи чија вредност изнесува вртоглави 72 милиони евра.
Поради тоа што последните месеци во светот завладеа финансиска криза, а за да се спаси компанијата АИГ и беше потребна помош од американската влада, постои голема можност Јунајтед да остане без спонзор затоа што во оваа фирма најавуваат кратење на сите можни трошоци.
Засега нема официјална потврда за раскин на договорот, но се погласно се зборува за тоа. Американците не можат финансиски да го следат Манчестер Јунајтед, па најверојатно
Кристијано Роналдо и екипата повеќе нема да го носат нивното лого.
7.10.2008