Италијанскиот шампион ги започна преговорите со Атлетико Мадрид за трансфер на младата аргентинска ѕвезда Кун Агуеро.
Според Corriere dello Sport
Серхио Агуеро (Кун) е главна мета на Интер за зимскиот преоден рок, а претседателот на клубот
Масимо Морати веќе го започна долгиот преговарачки пат кон Висенте Калдерон.
Овој потег на клубот го поддржа и капитенот
Хавиер Занети кој изјави: „Агуеро е играч кој во секој момент може да направи разлика на теренот и да го одлучи натпреварот. Верувам во претседателот и неговата способност да го доведе во нашиот тим“.
7.10.2008