Најнова Фотка
Ву две
Аирлија нека е!
Airlija

Фифа се откажа од санкциите за Полска


Полска најверојатно ќе помине без остри санкции откако утре во Фудбалската федерација ќе се вратат сменетите челници.

Претседателот на светската фудбалска федерација, Сеп Блатер, откри дека полската влада не испратила гаранции за враќање на одговорните во тамошната федерација на поранешните позиции, но има најави дека тоа ќе се случи во тек на утрешниот ден.

„Примивме писма и документи во кои се тврди дека е постигнат договор помеѓу полскиот фудбалски сојуз и владата. Доколку челниците се вратат на своите функции, нема да има никакви санкции по репрезентацијата. Во тој случај Полска ќе може да ги игра своите квалификациски натпревари против Чешка и Словачка, а ние ќе продолжиме да ја следиме ситуацијата“, изјави претседателот на ФИФА.

Занимливо е тоа што УЕФА сеуште не се огласи, па не се знае дали ќе има санкции од нивна страна, но најверојатно и тие ќе заборават на проблемите доколку се оди како што треба. Според познавачите, Европското првенство во 2012 година дефинитивно ќе се оддржи во Полска и покрај сите проблеми што ги имаше тамошната фудбалска федерација.

Целиот случај додатно ќе биде разгледан од извршниот одбор на ФИФА кој има закажано седница на 23 и 24 октомври.
6.10.2008



Гледајте фудбал
Спорт
Аргентинецот Скелото цар во американската лига!
Аргентинецот Скелото цар во американската лига!
slikaПлејмејкерот на Колумбус Кру, Гиљермо Барос Скелото е прогласен за најкорисен фудбалер на основниот дел на американската професионална фудбалска лига.
Рамос ќе го наследи Малдини
Рамос ќе го наследи Малдини
slikaЛегендарниот капитен на Милан на крајот од сезоната ќе се прости со фудбалот. Како најсериозен конкурент за неговото место се смета Шпанецот Серхио Рамос.
Силва: Роналдо се обиде да ми ја скрши ногата
Силва: Роналдо се обиде да ми ја скрши ногата
slikaВо пријателскиот натпревар Бразил ја збриша Португалија со 6:2, а фудбалерите на најфудбалската нација го обвинија Роналдо прегруба игра и намерни остри стартови.
Амаури: Интер игра просечно
Амаури: Интер игра просечно
slikaУспешната победничка низа внесе оптимизам кај фудбалерите на Јувентус, кои се надеваат на победа во големото дерби со Интер.
Донован потпиша за Баерн Минхен
Донован потпиша за Баерн Минхен
slikaГерманскиот гигант објави дека американскиот репрезентативец Лендон Донован е нов играч на тој клуб.
Погледнете го успешното деби на Марадона
Погледнете го успешното деби на Марадона
slikaВо натпреварот што можевте во живо да го следите на Таратур, легендата на аргентинскиот фудбал на Хемпден Парк имаше одлична премира како селектор.
Видео: Загубивме од Црна Гора
Видео: Загубивме од Црна Гора
slikaНашите репрезентативци повторно покажаа променлива игра. Во првиот дел игравме очајно и примивме 2 погодоци, додека во вториот одигравме нешто подобро и успеавме да намалиме.
Desno


Резултати сега!
slika
Топки +