Според англиските и италијанските медиуми, во јануарскиот преоден рок Челзи, по препорака од тренерот, ќе понуди најмалку 10 милиони фунти за Езекиел Лавец од Наполи.
Спортскиот директор на Челзи
Френк Арнесен овие денови крстари низ Европа во потрага по напаѓач кој ќе го засили европскиот вицепрвак уште во јануарскиот преоден рок.
Според Daily Mirror и Daily Sport препораката на
Сколари е Аргентинецот
Лавеци. 23-годишен фудбалер, кој како и многумина, го нарекуваат ’новиот Марадона’, но тој е скромен и себеси се споредува само со
Карлос Тевез. Напаѓачот игра во Италија од 2007 кога Наполи за релативно мал износ го донесе од екипата на Сан Лоренцо.
Договорот со клубот му трае до 2013 година, а со оглед дека Лавеци е се подобар и подобар, 10 милиони фунти колку што нуди
Абрамович изгледа дека нема да бидат доволни. Исто како што претходно претседателот на Наполи ја одби понудата на Абрамович за
Марек Хамшик.
Меѓутоа, Челзи е краток со напаѓачи затоа што
Дрогба се повреди, а
Анелка и
Калу не се константни фудбалери. Секоја чест на
Скот Синклер, Мирослав Сточ и
Франко Ди Санто, но според многумина овие играчи не се доволно добри ни за да бидат резерви во Челзи.
Анелка оваа сезона постигна четири голови, а Калу само еден што е доволна причина за Сколари да доведе ново лице во клубот и да го натера сопственикот уште еднаш да го одврзе кесето.
6.10.2008