Симпатичната Американка на првото мерење имала килограм повеќе, но ни под разно не сакала да и го предаде мечот на соперничката Кели Кобалд. Џина извела стриптиз и на крај славеше со одлука на судиите!
Џина Карано, една од најголемите и најубавите ѕвезди во борба со мешан стил, доживеа навистина непријатна ситуација на мерењето на тежината пред мечот со Кели Кобалд.
Кога застанала на вагата стрелката покажала 64.89 килограми што значело дека отприлика за еден килограм е потешка, па затоа не може да влезе в ринг.
Меѓутоа, 26- годишната Американка немаше желба така лесно да го предаде мечот, па ја соблече целата облека пред насобраната публика.
Во вториот обид вагата покажа 64.09 килограми, се уште премногу, но со оглед на тоа дека и Кобалд го имала истиот проблем, борбата сепак била одржана.
Карано на крај победи со едногласна одлука на судиите и сега има 7-0 скор во ММА (mixed martial arts).
Аргентинецот Скелото цар во американската лига! Плејмејкерот на Колумбус Кру, Гиљермо Барос Скелото е прогласен за најкорисен фудбалер на основниот дел на американската професионална фудбалска лига.
Рамос ќе го наследи Малдини Легендарниот капитен на Милан на крајот од сезоната ќе се прости со фудбалот. Како најсериозен конкурент за неговото место се смета Шпанецот Серхио Рамос.
Силва: Роналдо се обиде да ми ја скрши ногата Во пријателскиот натпревар Бразил ја збриша Португалија со 6:2, а фудбалерите на најфудбалската нација го обвинија Роналдо прегруба игра и намерни остри стартови.
Амаури: Интер игра просечно Успешната победничка низа внесе оптимизам кај фудбалерите на Јувентус, кои се надеваат на победа во големото дерби со Интер.
Донован потпиша за Баерн Минхен Германскиот гигант објави дека американскиот репрезентативец Лендон Донован е нов играч на тој клуб.
Погледнете го успешното деби на Марадона Во натпреварот што можевте во живо да го следите на Таратур, легендата на аргентинскиот фудбал на Хемпден Парк имаше одлична премира како селектор.
Видео: Загубивме од Црна Гора Нашите репрезентативци повторно покажаа променлива игра. Во првиот дел игравме очајно и примивме 2 погодоци, додека во вториот одигравме нешто подобро и успеавме да намалиме.