Дражен Жериќ Жера, 44-годишниот пејач на Црвена Јабука, во неделата на брод на хрватското крајбрежје се ожени со 20 години помлада девојка, студентка од Корчула. Се шпекулира дека и наскоро ќе стане татко.
Дражен Жериќ Жера, пејачот на некогаш популарниот сараевски бенд Црвена Јабука се ожени на брод, пред 25 присутни, наведуваат хрватските медиуми, кои додаваат дека Жера наскоро треба да стане и татко и тоа со близнаци.
Неговите пријатели тврдат дека конечно ја пронашол својата сродна душа, заради која во последниве неколку месеци ослабел десет килограми. На пејачот ова му е прв брак.
Црвена Јабука беше екстра популарен бенд во поранешна СФРЈ, а по војните од Босна се преселија во Хрватска каде и денеска творат.
6.10.2008