Рецепт за пица од тестиси, потоа тестис од бик во сос бешамел и уште 31 интересни тестис специјалитети. Сето тоа во Готвачот на Љубомир Еровиќ, најмадлестиот готвач на светот.
Претпоставуваме дека ни на крај памет не ви паднало да направите за ручек тестиси, но ако некогаш ве стегне таква идеја, тука е специјализираниот Готвач на
Љубомир Еровиќ.
Автор на „Готвач за тестиси: Готвење со јајца“ е Љубомир Еровиќ кој е по потекло Србин, а кој зад себе има 20-годишно искуство во подготвување јадења од тестиси.
Станува збор за самоук готвач кој стана светски авторитет во подготвување на ’јадења со јајца’. Во готвачот се наоѓаат рецепти за тестиси од разни животни.
Еровиќ организира и Светско првенство во готвење тестиси, во кое талентираните готвачи подготвуваат тони тестиси.
Дел од Готвачот на Еровиќ може да се најде и
онлајн [1], а се продава целосно за 6 фунти.
Во него тестис мајсторот објаснува дека за подготвување на тестиси ви треба навистина остар нож, ако сакате да ја совладате традиционалната техника за подготвување. Тестисите треба добро да бидат измиени и киснати во вода пред да почнат да се готват.
„Сите тестиси можат да се јадат, освен се разбира, човечките“, објаснува Еровиќ.
Е, ај на здравје!