logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

За една година научил 59 милиони зборови

37-годишниот Амон Ши од Њујорк, во само една година напамет научил 22 илјади страници, односно 59 милиони зборови од Оксфордскиот англиски речник. Амон секој ден, со филџан јако кафе, во библиотека поминувал по 10 часа внимателно учејќи нови зборови. Секој пат кога во речникот ќе налетал на интересен збор, го запишувал за да не го заборави неговото значење.
Признава дека имало тешки моменти, фрустриран од тоа што новиот збор не е сличен со ниту еден од тие што дотогаш ги познавал, па во тие мигови сакал да се откаже од својот подвиг. „Имаше денови кога помислував дека не знам да зборувам англиски јазик и дека за некои зборови воопшто не го знам вистинското значење“, вели Амон. Тој почнал да чита и да проучува речници уште од десетгодишна возраст. „Англискиот оксфордски речник го учев со задоволство бидејќи содржи цела историја на Англија, а поинтересно ми е да читам такви работи отколку книги“, додаде тој.

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/5491