Еден Американец повеќе од 20 години им издавал станови на жени во кои имал инсталирано скриени камери. Особено во спалните соби и бањите.
45-годишниот
Томас Дејли според јавното обвинителство, во најмалку седум станови во своите три згради во Нористаун, предградие на Филаделфија, вградил тајни камери во купатилата и спалните соби.
Тајно снимал 34 жени, на кои им ги изнајмил становите, а видео материјалот можел да го гледа директно преку интернет во својата куќа.

Аферата изби откако една од станарките во својот стан пронашла скриена камера. Полицијата по претресот пронашла вкупно 32 минијатурни скриени камери.
На Дејли му се доставени 34 обвиненија за нарушување на приватноста, 2000 обвиненија за криминална употреба на комуникациски средства, 14 обвиненија за бесправно снимање и две обвиненија за провала.