logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Започна издавањето ’возачка книшка’ за впишување на негативни бодови

Министерството за внатрешни работи започна со издавање на “возачка книшка“ за впишување на негативни бодови по утврден сообраќаен прекршок. Цената на една возачка книшка изнесува 100 денари. Издавањето на возачките книшки се врши во сите СВР, во Одделенијата за управни работи – и во ПС од општа надлежност – Надворешни канцеларии за управни работи (поранешни СВР и ОВР) при издавање на новите возачки дозволи. За оние возачи, пак, кои веќе имаат возачки дозволи, возачките книшки ќе се издаваат по сторен прекршок и изразена волја за впишување на негативни бодови, во горенаведените организациони единици.
Возачката книшка ќе се издава врз основа на лично поднесена пријава од возачот според местото на неговото живеалиште. Кон пријавата за издавање на возачка книшка се поднесува: возачка дозвола; две фотографии со димензии 3,5 х 4,5 цм; и лична карта. Впишувањето на негативни бодови ќе се врши според местото на живеалиштето на сторителот на прекршокот по претходно пополнетиот Записник за сторен сообраќаен прекршок и регистрирање на негативни бодови.

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/5466