Најнова Фотка
Ву две
Аирлија нека е!
Airlija

Кина ги шпиунира пораките на Скајп


Кина не само што ги надгледува и цензурира пораките кои корисниците ги разменуваат преку Скајп, туку и ги задржува во база на податоци која е достапна за јавноста. На овој начин се откриваат и лични податоци на корисниците на ваквите услуги.

Канадската истражувачка група Citizen Lab откри база податоци која содржи илјадници „политички чувствителни“ пораки, како на пример ’демократија’, кои Кина ги блокира при праќање преку програмата Скајп, објави денеска Би-Би-Си.

Датотеката која ја откри канадската истражувачка група исто така содржа и лични податоци за корисниците. Од Скајп велат дека секогаш биле отворени и јасни за тоа дека нивните кинески партнери Том Онлајн ги проверуваат испратените податоци и дека вршат цензура, но дека овој пат безбедноста и приватноста на претплатниците се доведени во прашање.


Датотеката, која ја откри Citizen Lab, содржи над 150.000 пораки, во кои има зборови како „демократија' и „Тибет“, како и фрази во врска со забранетото духовно движење Фалун Гонг.

Претседателот на Скајп, Џос Силвермен рече дека кинеската цензура е „општо позната“ и дека кинеските власти утврдиле процедура според локалните закони. Силвермен рече дека Кина досега ги блокирала и бришела пораките со „одредени офанзивни“ содржини, но дека покренал истрага за да дознае зошто се променети правилата и зошто сега ги чуваат и меморираат ваквите пораки.

„Пораките, заедно со околу еден милион снимки, кои содржат приватни информации, се зачувани на небезбедно јавно достапно интернет место“, соопштија од Ситизен Лаб.

Кинеските власти веќе долго време ги спречуваат граѓаните да имаат пристап до сајтовите кои сметаат дека се „политички чувствителни“, а организациите кои се борат за човекови права ги критикуваат западните интернет гиганти како што се Гугл, Микрософт и Јаху бидејќи ги почитуваат кинеските строги прописи.

3.10.2008




Гледајте фудбал
Спорт
Аргентинецот Скелото цар во американската лига!
Аргентинецот Скелото цар во американската лига!
slikaПлејмејкерот на Колумбус Кру, Гиљермо Барос Скелото е прогласен за најкорисен фудбалер на основниот дел на американската професионална фудбалска лига.
Рамос ќе го наследи Малдини
Рамос ќе го наследи Малдини
slikaЛегендарниот капитен на Милан на крајот од сезоната ќе се прости со фудбалот. Како најсериозен конкурент за неговото место се смета Шпанецот Серхио Рамос.
Силва: Роналдо се обиде да ми ја скрши ногата
Силва: Роналдо се обиде да ми ја скрши ногата
slikaВо пријателскиот натпревар Бразил ја збриша Португалија со 6:2, а фудбалерите на најфудбалската нација го обвинија Роналдо прегруба игра и намерни остри стартови.
Амаури: Интер игра просечно
Амаури: Интер игра просечно
slikaУспешната победничка низа внесе оптимизам кај фудбалерите на Јувентус, кои се надеваат на победа во големото дерби со Интер.
Донован потпиша за Баерн Минхен
Донован потпиша за Баерн Минхен
slikaГерманскиот гигант објави дека американскиот репрезентативец Лендон Донован е нов играч на тој клуб.
Погледнете го успешното деби на Марадона
Погледнете го успешното деби на Марадона
slikaВо натпреварот што можевте во живо да го следите на Таратур, легендата на аргентинскиот фудбал на Хемпден Парк имаше одлична премира како селектор.
Видео: Загубивме од Црна Гора
Видео: Загубивме од Црна Гора
slikaНашите репрезентативци повторно покажаа променлива игра. Во првиот дел игравме очајно и примивме 2 погодоци, додека во вториот одигравме нешто подобро и успеавме да намалиме.
Desno


Резултати сега!
slika
Топки +