Најдебелиот човек на светот ќе се жени. 43-годишниот Урибе кој беше тежок неверојатни 570кг најави венчавка за 26 октомври. Среќничката е неговата долгогодишна девојка Клаудија Солис.
Мануел Урибе се уште не е способен да оди, па затоа на церемонијата ќе биде однесен во специјално изработен кревет.
И годинава е прогласен за најдебел човек на светот според Гинисовата книга на рекорди. Поранешниот механичар, кој е в кревет веќе 6 години, се хранел воглавно со брза храна и достигна тежина од неверојатни 570кг.

Но, откако стана тежок повеќе од половина тон, Урибе се реши да го промени својот живот. Веќе успеа да симне околу 220 кг, а целта му е да достигне тежина од околу 100 кг. Неговата диета се состои од рибина чорба, еден портокал, половина јаболко и 18 зрна кикиритки.
„Луѓето мислат дека можам да изедам цел вол, но не се работи само за прејадувањето. Постои и хормонално пореметување“, ги објаснува Урибе проблемите со прекумерната тежина.

Урибе ја запознал
Клаудија пред 4 години и од тогаш се неразделни. На венчавката свадбената торта ќе биде послужена само на гостите, додека младоженецот нема намера да проба ни едно парче, поради диетата и својата одлучност да издржи до крај.
3.10.2008