’Малку пармезан’ е фраза која во Италија доби сосема нова конотација, бидејќи токму ова сирење е најчеста мета на крадците во продавниците. Од година во година се краде се повеќе од ова сирење.
Во периодот од 2006 до 2007 година еден од десет производи од пармезан исчезнувале од полиците без да се плати, објави група италијански производители на земјоделски производи.
Според овие податоци, пармезанот се краде за 11 проценти повеќе од претходната година.
Пармезанот е вкупно трет производ, а прв меѓу прехранбените, кои Италијанците го крадат. Најмногу се крадат жилетите, 22 проценти, а потоа тонерите за печатач – 15 отсто.
Пармезанот се користи рендан и со него се посипуваат тестенини. Тој е и најфалсификуван италијански прехранбен производ. Имитации пармезан има во Аргентина, Бразил, Јапонија, Британија и Германија.
Вистинскиот пармезан од Парма и Реџо Емилија, на северот на Италија, мора да се произведе од сирово кравјо млеко и мора да созрева 12 месеци.
3.10.2008