Светскиот македонски конгрес смета дека инсталирањето на грчки воен логор до македонските села Забрдени, Овчарани, Росен, Баница и Гурничево претставува демонстрација на сила на Атина за притисок врз Македонците во Егејскиот дел на Македонија и непријателски акт према Република Македонија како вовед во регионална дестабилизација.
„Грчката воена вежба провокативно именувана ’Македонија е една и грчка’ на самата граница со Република Македонија наместо во длабочината на сопствената територија, претставува грубо кршење на стандардите на КЕБС и на копенхагенските критериуми“, се вели во соопштението од СМК.
Покрај тоа се наведува дека тоа е и непријателски акт на земја членка на ЕУ и НАТО против суверена држава во асоцијација со ЕУ и во партнерство за мир со НАТО, спротивно на добрососедските односи.
Токму поради ова, Светскиот Македонски Конгрес бара остар демарш на Македонската влада до Владата во Атина, Европската Унија и НАТО.
3.10.2008