Пред неколку години никој не помислуваше дека е можно Русите и Украинците да се борат едни против други, изјави рускиот премиер Владимир Путин по средбата со неговата колешка од Украина, Јулија Тимошенко, објавуваат руските медиуми.
Тој воедно изразил и длбоко жалење што Украина и доставила оружје на Грузија.
Инаку Путин и Тимошенко имале средба за проблемот со испорака на руски гас за Украина. Целта на Тимошенко била да не се зголеми многу цената на природниот гас.
Тие договориле меморандум за цената, која до сега не била дефинирана, а така ќе остане и во следните три години, по што Украина ќе го плаќа природниот гас од Русија по пазарни цени.
3.10.2008