Анџелина и преслатката двегодишна Шилох
Анџелина Џоли се врати во четвртокот во САД каде за една недела ја очекува премиерата на филмот The Changeling, а секогаш спремните папараци го евидентираа нејзиното доаѓање на њујоршкиот аеродром.
Американските папараци ја направија првата фотографија на најславната мајка по раѓањето на близнаците
Вивиен и Кнокс на американско тло.

Актерката се врати во САД со
Бред Пит и децата бидејќи за една недела ги очекува премиерата на најновиот филм во режија на
Клинт Иствуд. Тоа воедно ќе биде нејзиното прво појавување на црвениот тепих по породувањето.
Бред беше задолжен за најмалечките
Додека Бред по раѓањето на близначињата многу време помина пред рефлекторите за да го промовира Burn After Reading,
Анџелина Џоли не го напушташе нивниот изнајмен имот во Прованса.