
За да ги избегне скапите судски трошоци за развод, еден камбоџански пар се одлучи да се разведе без помош од судот. Сопругот ја пресекол нивната поранешна куќа на половина и со својот дел си заминал во непознат правец.
Брачна двојка од Камбоџа одлучила при разводот да го избегне корумпираниот и скап суд и се договориле куќата да поделат на половина – и тоа буквално.
Локалниот весник Koh Santepheap на насловна страна ја објавил фотографијата на бившиот дом на Меоун Рима и неговата бивша жена Нанг, што Рима со хируршка прецизност го пресекол на половина.
Рима, кој побарал развод бидејќи жената не сакала да го негува додека бил болен, последен пат бил виден како од селото ја изнесува половината од својот дом.
Не е познато каде отишол со својата половина, пишува весникот додавајќи дека “за среќа“ Рима не почувствувал потреба да ги подели и своите две деца, што и ги оставил на бившата жена. Според законот во Камбоџа, во случај на развод, мажот и жената го делат имотот на половина.
2.10.2008

































