logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Џоли пак во Томб Рајдер?

Се шпекулира дека Анџелина Џоли е во преговори околу репризирање на својата улога, односно дека ќе се појави во третиот дел од Томб Рајдер, кој би требало да биде најмрачен досега. Филм мејкерите кои ќе го снимат новото продолжение од Томб Рајдер, сакаат секако да ја видат и Анџелина Џоли во главната улога. Но, прашање е кога Анџелина, која моментално има полни раце работа со близнaците Кнокс Лион и Вивиен Маршелин, ќе почне да снима.
Продолжението би требало да биде базирано на најновата верзија на играта Underworld, а се шпекулира дека ќе биде најмрачно продолжение досега Инаку, Џоли за првпат по три месеци од породувањето ќе се појави на некој официјален настан. На 10 октомври во Њујорк ќе присуствува на премиерата на нејзиниот филм Changeling, кој го режираше Клинт Иствуд.

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/5446