Дека некои приказни во овој забеган свет имаат среќен крај покажува и случајот за човекот дрво. На најновите фотографии може да се види неверојатна разлика, како чудовиштето пак стана нормален човек.
Несреќниот Индонезиец
Деде беше главна тема во скоро сите светски медиуми долго време, заради својата страшна приказна.
Да потсетиме,
Деде патеше од напреден облик на HPV (Human Papilloma Virus), што резултираше со тоа целото тело да му биде прекриено со израстоци, со кои личеше на дрво.

Но, како што покажуваат фотографиите, Индонезиецот успеа да се опорави благодарение на третманот на специјалистот дерматолог, доктор
Ентони Гаспари.
Девет месеци д-р Гаспари го лечеше Деде со хемотерапии и изведе неколку операции за од неговото тело да отстрани скоро 5 килограми израстоци. Сега Деде е како препороден.
„Претходно не можев ни да си облечам кошула. Сега конечно можам тоа сам да го направам, и навистина е прекрасно чувството нормално да функционирам“, вели Деде.
Поврзано:
Шокантно видео: Човек-дрво2.10.2008