Најнова Фотка
Ву две
Аирлија нека е!
Airlija

Видео: Реми на Интер и Вердер, Анортозис не се шегува


Натпреварот на Џузепе Меаца заврши без победник 1:1, додека Анортозис сосема неочекувано, но оправдано го прегази Панатенаикос со 3:1.

Интер поведе во 13 минута со голот на Маикон кој се уфрли од втор план и рутински го совлада Висе. Вердер успеа да воспостави теренска рамнотежа, а најдобрата шанса за израмнување ја пропушти преку Пизаро во самата завршница на првиот дел кога од само неколку метри напаѓачот успеа да ја погоди стативата. Сепак, Пизаро беше прецизен во 62 минута кога од другата страна на стативата ја уфли топката во мрежата по одличното уфрлување на Озил.

Интер по изедначувањето тргна кон победа, а најблизу до гол беше Маикон, но неговиот удар заврши во стативата. Потоа својот удар го испроба Хулио Круз, но Висе беше сигурен на голот.

Во судиското продолжение Налдо топовски изведе слободен удар, а одбиената топка Пизаро не успеа да ја пикне во празната мрежа. Натпреварот заврши без победник 1:1, што е и најреален резултат по прикажаната игра на теренот.

Анортозис уште еднаш покажа квалитет, а тоа на своја кожа најдобро го почувствува Панатенаикос. Се играше 11 минута кога по нафрлената топка од страна Сариеги си постигна автогол за водство на домашните. Само четири минути подоцна Савио помина по левата страна и прекрасно центрираше, а Добрашиновиќ со глава погоди за 2:0.

Панатенаикос до полувремето успеа да намали со голот на Салпингидис кој искористи пенал, а големата победа на Анортозис ја завери Тахер со погодок во 78 минута по изведениот удар од аголот.
2.10.2008



Гледајте фудбал
Спорт
Аргентинецот Скелото цар во американската лига!
Аргентинецот Скелото цар во американската лига!
slikaПлејмејкерот на Колумбус Кру, Гиљермо Барос Скелото е прогласен за најкорисен фудбалер на основниот дел на американската професионална фудбалска лига.
Рамос ќе го наследи Малдини
Рамос ќе го наследи Малдини
slikaЛегендарниот капитен на Милан на крајот од сезоната ќе се прости со фудбалот. Како најсериозен конкурент за неговото место се смета Шпанецот Серхио Рамос.
Силва: Роналдо се обиде да ми ја скрши ногата
Силва: Роналдо се обиде да ми ја скрши ногата
slikaВо пријателскиот натпревар Бразил ја збриша Португалија со 6:2, а фудбалерите на најфудбалската нација го обвинија Роналдо прегруба игра и намерни остри стартови.
Амаури: Интер игра просечно
Амаури: Интер игра просечно
slikaУспешната победничка низа внесе оптимизам кај фудбалерите на Јувентус, кои се надеваат на победа во големото дерби со Интер.
Донован потпиша за Баерн Минхен
Донован потпиша за Баерн Минхен
slikaГерманскиот гигант објави дека американскиот репрезентативец Лендон Донован е нов играч на тој клуб.
Погледнете го успешното деби на Марадона
Погледнете го успешното деби на Марадона
slikaВо натпреварот што можевте во живо да го следите на Таратур, легендата на аргентинскиот фудбал на Хемпден Парк имаше одлична премира како селектор.
Видео: Загубивме од Црна Гора
Видео: Загубивме од Црна Гора
slikaНашите репрезентативци повторно покажаа променлива игра. Во првиот дел игравме очајно и примивме 2 погодоци, додека во вториот одигравме нешто подобро и успеавме да намалиме.
Desno


Резултати сега!
slika
Топки +