|
|
Со јадица „ловел“ женска долна облека
Јапонската полиција уапси еден 51-годишен љубител на женска долна облека, што ја крадел „ловејќи“ ја од балконите на соседите.
51-годишниот Акиро Хина е уапсен минатата недела поради кражба на женска долна облека што се сушела на балконот два ката под неговиот стан. Алиштата ги крадел користејќи рибарска трска.
Полицијата во неговиот дом пронашла повеќе стотина парчиња женска долна облека. Хина наводно облеката ја собирал цели 18 години.
1.10.2008
|
|
|
|
|