logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Најголемата сложувалка на светот

Околу 15,000 љубители на сложувалки во германскиот град Равенсбург ја составија најголемата сложувалка на светот од 1.141.800 делчиња. Најголемиот европски производител на сложувалки Ravensburger AG соопшти дека за 5 часа е направена сложувалка со површина од 600 квадратни метри која го прекрила скоро целиот градски плоштад.
Учесниците прво споиле над четири илјади мали сложувалки составени од 252 дела, со стандардни мотиви како што се животни и пејзажи. Така составените правоаголни делови се однесени на плоштадот и на крајот се составени во голема сложувалка со големина од 20х30 метри.
„Се обидовме и успеавме“, рече Хенрих Хунтелман, портпарол на Равенсбургер, најголемата европска компанија за производство на сложувалки, која што оваа година слави 125 години од своето постоење.
Резултатот е испратен до Гинисовата книга на рекорди. Сегашниот рекордер на сложувалка е составен во Сингапур во 2002 година, од 212.323 делчиња со површина од 11,8 на 11,68 метри.

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/5423