logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Ако се подели Косово, зошто да не се подели Србија

Српската Либерално демократска партија не се согласува со идејата за поделба на Косово, како единствен начин за решавање на проблемот, бидејќи “ако се подели Косово зошто да не се подели Србија“. Претседателот на српската Либерално демократска партија, Чедомир Јовановиќ, изјавил денеска дека поделбата на Косово не е мирис на европската политика. Јовановиќ додаде дека никој не го обвинува Тадиќ дека тој е одговорен за независноста на Косово, но како премиер на Србија е обврзан на општеството да им предложи модерна визија за европска Србија. “Прашањето за поделба на Косово е враќање на политичкиот живот на Србија во времето кога биле прифатени во Србија на Милошевиќ и на Куштуница, каде што се завршува со дебакл за српската држава“, додал Јовановиќ. Јовановиќ исто така соопштил дека неговата партија не ги оправдува заканите упатени од српската надворешна политика, каде што се притискаат соседите, Македонија и Црна Гора да не го признаваат Косово. “Србија не треба да има принудни добри односи со соседите, туку треба со сите да има сврзани односи“.
[1]

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/5414